Истражувањето го изведувале луѓе од Универзитетот во Мелбурн прашувајќи се дали музичкиот вкус може да се менува свесно. Започнале со општите места од типот дека колку некоја музика е повеќе дисонантна, толку почесто непријатна им е на луѓето.
Утврдиле и дека кога човек слуша нешто за првпат – реакцијата е неповолна. Акорд кој претходно го немаат слушано, не можат лесно да го прифатат. Не дека не им се бендисува, едноставно не можат да го процесираат, слично кога ќе се слушне непознат збор од комплетно непознат јазик.
Потоа истражувале и дали може да се научи музиката која е непријатна, таа да се засака. На волонтери без музичко образование им биле давани часови по музичка теорија и – имало фајде. Колку што повеќе знаеле за структурата на музиката, и колку подолго ја слушале онаа која на почетокот им била неприфатлива, толку повеќе биле подготвени да видат извесен квалитет во неа.