По децении нагаѓања и проценки, Галуп конечно достави во извесна мерка втемелена бројка на хомосексуалци во Америка. Не се работи за точна бројка бидејќи за тоа е потребен попис но е проценка врз основа на сериозен примерок на 200.000 испитаници на кои им било поставено прашањето "Дали себеси се сметаш за геј, лезбејка, би или трансџендер".
Освен некои мали отстапки, бројот на хомосексуалци на национално ниво е урамнотежен и изнесува околу 3,5 проценти од вкупната популација.
Најголеми отстапки има Вашингтон со 10 проценти хомосексуална популација, но со оглед на тоа дека суштински се работи за град а не држава (со статистички најмал примерок и најголема маргина за грешка), методолошки е поупатно тој да се споредува со другите градови а не држави, иако, некои сметаат дека ваквата висока бројка е резултат на либералната локална политика.
Оние што очекуваа поголема бројка велат дека резерва околу точноста на конечната бројка треба да се има и со оглед на тоа се темели на себе - идентификација (може да си геј а да не знаеш?) или на тоа што некои од испитаниците не се гледаат себе си во дефинициите на ЛГБТ популацијата.
Сепак, бројката според Галуп е таа, 3,5 проценти а толкувањата на оваа бројка веројатно ќе бидат како во вицот со двајцата Власи:
- Колку се 2+2?
- 4.
- Малку бе!
- Многу бе!