Амазон махт фрај

Германските испостави на гигантот Амазон се наоѓаат среде голем скандал затоа што ангажирале Нео Наци служба за обезбедување која држела под страв околу 5.000 сезонски гастарбајтери.

 

Документарец на јавната ARD телевизија го покажува видливото присуство на обезбедувачите на агенцијата Хес (која со самото име навестува за што се работи) во секојдневниот живот на илјадниците работници од цела Европа кои повремено ги ангажираат филијалите и магацините на онлајн продавачот Амазон.

Гардата на Хес, облечени во црни маици, чизми и воени фризури биле првенствено ангажирани да патролираат во хостелите во кои биле сместени работниците. Омилена активност им била да прават ненадејни претреси во собите и да ги проверуваат луѓето да не земале нешто од појадокот со себе.

Сите носеле облека од Thor Steinar, бренд кој е поврзан со имиџот на крајните германски десничари. На стадионите во Германија и во парламентот е забрането да се носат овие парчиња поради нивната поврзаност со имиџот на нео-нацистите. Од истите причини, и самиот Амазон не ја продава оваа облека уште до 2009-та година.

Дел од наемните работници пешачеле дневно и по 17 километри за да стигнат на работа во магацините а кога стигнале во Германија, им било кажано дека дневницата ќе биде помала од онаа за која конкурирале на огласите на Амазон.

Амазон има 7.700 постојано вработени а сезонците се користат во време на продажните шпицови на онлајн трговијата.

18 февруари 2013 - 11:11