Како работењето во канцеларија го уништува вашето тело

Она што секој ден ве нервира во канцеларија, на долг рок ви се собира и само чека да удри. Ова се некои од најчестите канцелариски штеточини за вашето здравје.

Седење
Подолго време седење на биро е ужасно за вашето тело. Повредите и болките се најмал проблем што може да го имате. Седењето го зголемува ризикот од пореметувања на скелетот, здебелување, дијабетес, рак и срцеви заболувања. Ова важи дури и за тие кои редовно вежбаат.

Мотивација
И покрај тоа што во последно време компаниите организираат најразлични вежби за "тим билдинг" и мотивација, истражувањата покажуваат дека присилувањето луѓето да бидат позитивни за нешто за кое не се чувствуваат така, може да "истакне колку се тие всушност несреќни" и со тек на време да ги направи уште подепресивни.

Лош квалитет на воздухот
Официјалното име му е Синдром на болна зграда. Воздухот во зградите може да биде и до 100 пати повалкан отколку надвор. Плус на ова, може да си изложен на најразлични гасови и хемикалии од самиот објект. Ова посебно важи за простории кои не се доволно вентилирани или кои не се добро заштитени од влага.

Преголема изложеност на печатачи и фотокопири
Фотокопирите се извор на потенцијално смртоносни гасови ако нивните филтри периодично не се менуваат. Ласерските печатачи може да испуштаат честички од тонерот, кои можат да влезат во белите дробови и потенцијално да предизвикаат нивно заболување.

Премногу време со лаптопот во скут
Кога лаптопот цело време се држи во скут наместо на маса тој може да предизвика сериозни проблеми кај кој било корисник. Ова кај мажите дополнително се компликува бидејќи чувањето на лаптопот во скут може да им ја намали и плодноста.

Работење повеќе од 10 часа на ден
Зголемувањето на работниот ден за 2 часа, ја зголемува опасноста од кардиоваскуларни проблеми за 60%.

Бескрајно зјапање во монитор
Иако кај денешните монитор нема опасност од радијација, сепак долгите периоди гледање во монитор може да им наштетат на вашите очи. Освен ова, може да ви предизвика мигрена и главоболка.

Досада
Британските истражувања покажаа дека досадата може да ти го скрати животот. Оние кои се жалат дека им е досадно поверојатно умираат помлади а оние кои пријавиле повисоки нивоа на монотонија е поверојатно да умрат од срцев или мозочен удар.

Кратки рокови
Стресот кога си под некаков рок, може да влијае на твојата способност за учење и паметење. Овој краткорочен стрес може да биде подеднакво лош како и стрес кој трае со недели или месеци.

20 февруари 2013 - 23:18