1. Јајцата не се здрави
Ова е една од најгрешните работи што може да ги чуете. Тука равенката е - јајцата содржат холестерол >>> значи тие го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања.
Прво, јајцата содржат "добар" холестерол кој не е поврзан со зголемениот ризик од срцеви заболувања.
Второ, јајцата се преполни со најразлични хранливи материи и уникатни антиоксиданси.
Трето, ако се јадат за појадок тие повеќе придонесуваат за слабеење отколку ако појадувате ѓеврек или кифла.
2. Сите треба да јадат житарици
Оваа идеја никогаш немала смисла од повеќе причини. Прво, тие се далеку помалку хранливи од вистинската храна, како зеленчук. Второ, тие се богати со киселина која ги врзува важните минерали во цревата и со тоа спречува истите да се апсорбираат.
Житариците се посебно проблематични за луѓето кои се чувствителни на глутен.
3. Јадењето многу протеин е штетно за коските и бубрезите
Исхрана богата со протеини наводно може да предизвика остеопороза и заболување на бубрезите. Иако е точно дека протеинот го зголемува производството на калциум на краток рок, долгорочните студии докажуваат дека тој е поврзан со подобрено здравје на коските и намален ризик од кршење.
4. Производите без масти се добри за вас
Кога на регуларната храна ќе и бидат извадени мастите таа има вкус на картон, заради што никој не би сакал да ја јаде. Производителите на храна го знаат ова, и затоа тие во неа додаваат работи кои ќе компензираат за недостатокот на масти.
Обично ова е - шеќер, пченкарен сируп или вештачки засладувачи како аспартам.
Во овие производи, здравите, природни масти се заменети со супстанци кои се крајно штетни.
5. Треба да јадеш повеќе мали оброци во текот на денот
Идејата е дека на овој начин ќе успееш во текот на целиот ден да го држиш метаболизмот во погон.
Иако е точно дека додека јадеш храната го крева метаболизмот, сепак количината на храна е таа што одредува колку енергија ќе се користи, а не бројот на оброци.
Освен ова, не е природно за човековото тело да биде постојано во состојба на хранење. Ние мораме да имаме и периоди без храна, кои се клучни за одредени процеси во нашето тело.
Ваквата пракса го зголемува и ризикот од рак на дебелото црево.