Музејот на восочни фигури Мадам Тисо реши да го извади Џорџ Клуни на улица и да го понуди за фотографирање на оние кои сакаат спомен со него за празникот на вљубените.
Восочниот Клуни е поставен на Карнаби Стрит, во идеална поза во која му треба партнерка за сликање. Дечкото држи и ружа, како што е ред за џентлмен од таков калибар.
Прва наредна прилика за гледање на живиот Клуни најверојатно ќе биде 24-ти февруари, ноќта на Оскарите, кога тој би требало да се појави како продуцент на Арго, филмот на Бен Афлек кој е номиниран за 7 категории.