Разговарајќи за нејзиното искуство на сајтот Seeking Arrangement, на кој повозрасни мажи плаќаат големи пари за да бидат во друштво на млади жени, една речиси 40-годишна жена раскажува како целата работа се сведува на "заеднички корист."
Именувана само како "T" жената објаснува дека таа од секогаш била размазена и дека сака некој да се грижи за неа, а за возврат нејзниот партнер добива човек со кого што може интелектуално да разговара, да зборува за бизнис и да има некој репрезентативен покрај себе кога е во јавност.
Инаку таа веќе имала две долги врски од "заедничка корист" со луѓе кои ги нашла на сајтот, а и понатаму продолжува со членување заради тоа што сака да запознава луѓе со слични ставови како нејзините.
"Јас работам 70 до 80 часа неделно, па ако и тој исто така работи 70 до 80 часа а и двајцата патуваме, некој ќе треба да го скрати својот работен распоред. Јас моментално можам да си дозволам да го правам тоа. Тука на ред стапува џепарацот и стипендијата. Јас работам и имам мој распоред, ако сакаш да се префрлам на твој распоред, ќе треба да ми угодиш и да се осигуриш дека ќе бидам финансиски обезбедена."
Запознавањето се одвива во неколку фази. Од сите членови на сајтот кои ќе ја контактираат, таа неколку "избрани" потоа ги проверува и започнува комуникација со нив.