Содерберг: Дали мислеше дека си „Госпоѓица Жешка" на факултет, или тоа дојде подоцна?
Мара: На факултет ме викаа Кедс, затоа што носев такви чевли. Тоа веројатно не беше некој прекар, затоа што прекари главно се даваат од пријатели кои те познаваат. Нo јас не ги познавав овие луѓе кои ме викаа Кедс. Мислам дека не ме сакаа затоа што не сакав да се придружам на едно сестринство. Го напуштив тоа школо.
Содерберг: Изгледа дека ако самата не си го напуштела ќе те натерале, особено со оглед на тоа што мислиш дека сите сестринства треба да бидат укинати. Твојата биографија ми е досадна, па да видиме што е со филмовите. Кога работеше со Финчер на „Девојката со тетоважа на змеј" (2011), зошто мораше да се снимаат толку повторувања на сцените?
Мара: Пф... Затоа што моето присуство претставува толку големо задоволство, што Финчер ги пролонгираше моите сцени за да бидам цело време на сет. И можеби затоа што сум тврдоглава, сметав дека можам да го надтврдоглавам. Ама не можеш да бидеш потврдоглав од Финч. Тој е секогаш во право. Не може секој да прави филмови со „помалку од една клапа", како тебе.
Содерберг: И навистина, имаш ли некоја тетоважа? Или тоа беше глума?
Мара: Немам. Глумење беше.
Содерберг: И дали си експерт-хакер? Или и тоа беше глума?
Мара: И тоа беше глума. За жал.
Содерберг: Па зошто не доби Оскар?
Мара: Повеќе причини... Знам колку си го сакаш Оскарот. Кучето ми се вика Оскар.
Содерберг: Како добитник на Оскар (во 2011 за Traffic), тоа ми е крајно навредливо. Патем, знаеш ли дека твоето куче мисли дека смрдиш?
Мара: Во моментов спие до мене. Тој сака сè во врска со мене, срце златно.
Содерберг: Во нашиот филм, Нуспојави, требаше да играш жена која се бори со клиничка депресија - меѓу другото. Морам да забележам, како твој режисер, дека не те видов да се подготвуваш за улогата. Дали така се однесуваш цело време, или посебно сакаше да го заебеш баш овој филм?
Мара: Очигледно, на прагот на твоето пензионирање, си престанал да внимаваш на работите. Кога правам филм го следам режисерот. И бидејќи ти сè импровизираш - како и ова интервју - решив дека и јас треба така да работам.
Содерберг: Мислам дека двајцата знаеме колку се имам подготвувано за ова интервју. Но да им дадам малку инсајдерски информации на читателите... Во текот на првата недела од снимањето ти кажав да го направиш спротивното од она што сакав навистина да го направиш, бидејќи знаев дека ќе го направиш спротивното од она што го барав. Потоа ти престана да го правиш тоа, па те замолив да го правиш она што сакав да го правиш, што го правеше некое време, а потоа повторно го побарав спротивното, а по деветиот ден, бев толку отруен од лекови што не знаев што се случува. Раскажи ми нешто за тоа.
Мара: Да не ја имаш загубено способноста да ги „читаш" луѓето, ќе знаеше дека најпрвин правев што и да бараше - а потоа полека, со горчина, почнав да го правам спротивното.
Содерберг: Ќути што снимањето беше кратко. Патем, сакаше хонорарот за „Нуспојави" да ти биде исплатен во мали, необележани новчаници. Што е работата?
Мара: Шшшш....
Содерберг: Па кажи ми го ова: зошто си гола во секој филм?
Мара: Па го правам тоа што ми се кажува, кога ми се кажува. Иако има и граница - како кога побара од мене да изигрувам „обратна јавачка" со Чанинг (Татум, кој го игра мажот на Мара во Нуспојави), тогаш удирам кочница. Ако ликот треба да биде гол во сцената и ако тоа има смисла и ако имам доверба во човекот кој го прави филмот - а сега се каам за одлуката да ти верувам - тогаш не гледам проблем. Секако не сакам да бидам дел од нешто што е неразумно, но не мислам дека човечкото тело е нешто од што треба да се срамиме. Секој втор човек на планетава има делови кои ги имам и јас. Така што за повеќето луѓе тоа не би требало да е голем шок.
Содерберг: Најпрвин, „обратната јавачка" има многу значајна позиција во порно филмовите - без навреда. Плус, ми кажа дека не можеш да го смислиш Чанинг, па само се обидував да го решам проблемот.
Мара: Ти би знаел... Ако добро се сеќавам, Чанинг не сакаше да ме гледа мене.
Содерберг: Тој рече дека го плашиш. Сериозно. Што направи што си го исплашила?
Мара: Не знам! Мислев дека е баш убаво, дури и кога мислев на... Спојлер!
Содерберг: Ќути! Но можеби ова е добар момент да одговориш на некои прашања кои ги одбегнуваше. На пример: дали се плашиш од тоа да бидеш киднапирана?
Мара: Се обидувам да не мислам на тоа. Веројатно би била поисплашена за човекот кој ќе ме киднапира.
Содерберг: Зошто?
Мара: Затоа што кога некој ми се заканува можам да станам многу опасна - и хипогликемична ако не сум јадела неколку часа. Не е пријатно.
Содерберг: Забележав. Сите во екипата те викаа „лудата Мара". Мислиш дека тоа е смешно?
Мара: Хм...
Содерберг: Всушност, некои од екипата те викаа „краткоспоен кабел", затоа што немаше енергија. Мислиш дека ова е посмешно?
Мара: Па мислам дека е порелевантно, бидејќи играв некој со клиничка депресија. Недостатокот на енергија беше дел од таа не-подготовка која ја имав.
Содерберг: Тоа ме потсетува - зошто си постојано болна?
Мара: Заради премногу антибиотици дур сум растела.
Содерберг: А, тоа е интересно. Значи си била сексуално промискуитетна.
Мара: Не, бев прилично внимателна.
Содерберг: Ох, не е толку интересно. Па зошто не јадеш нормална храна?
Мара: Под „нормална" мислиш на генетски модифицирана храна? Се обидувам да јадам храна која не е испрана во амонит, а потоа спакувана во облик на диносаурус полнет со сирење - иако овие се многу вкусни. Сакам да јадам храна која може да помине низ мојот мал стомак.
Содерберг: Значи не си веган заради бесмисленото, морално одвратно, катастрофално по околината одгледување на животните, туку заради твојот мал стомак?
Мара: Сите овие работи играат улога.
Содерберг: Да си сама на пуст остров и да имаш само едно парче музика кое би го слушала, нели мислиш дека сите би биле среќни?
Мара: Јасно, ти би бил многу среќен. И јас би била, некое време, зависно што музика е во прашање.
Содерберг: Ајде да зборуваме за политика. Зошто го носеше прслукот за тренирање на сестра ти? Таа уште не може да го преболи тоа.
Мара: Ти го кажала тоа? Баш е засрамувачки. Таа беше вознемирена кога мајка ми ѝ донесе прслук за тренирање. Таа не го сакаше, па ѝ го собрав. Многу сакав да имам цицки. Дури неколку години подоцна прслукот ми стана точен. Уште од тогаш се каам за постапката.
Содерберг: Дали уште го имаш?
Мара: Не, секако не.
Содерберг: Сигурен сум дека имале и-Беј уште тогаш. Требало да го задржиш. Никогаш не сум те видел да читаш. Знаеш како?
Мара: Да, господине, знам. Сакам да читам. Се уште се допишувам со мојот наставник по англиски од деветто, г-дин Шенли. Тој ми кажува кои книги да ги читам.
Содерберг: Дали водиш дневник?
Мара: Не, а и да сум водела ги скинав сите денот кога те сретнав.
Содерберг: Паметно. Кои други работи ги имаш работено?
Мара: Бев бејбиситерка и советник во камп. Едно лето јас и мојата најдобра пријателка одговаравме на телефон во канцеларијата на татко ѝ, но се смеевме секој пат кога ќе се јавевме, па нè преместија во одделот за пратки.
Содерберг: Сите велат дека мојот најголем квалитет е мојата понизност. Кој е твојот?
Мара: Моите стапала. Дефинитивно.
Содерберг: Кога не снимаш како го минуваш времето?
Мара: Тоа е премногу интимно.
Содерберг: Ако се објави сè што си испратила како порака во последниве 24 часа, дали би била во неволја?
Мара: Да.
Содерберг: Дали си толку параноична колку што изгледаш?
Мара: Повеќе.
Содерберг: Последно прашање: јас и Финчер ти нудиме да снимаш, а ти имаш пиштол со еден куршум во него. Кого од нас би убила?
Мара: Би го спуштила пиштолот, и би потрчала, многу, многу бргу.