Во пакетот што годинава ќе го добијат тие што изгубиле ќе има еден куп најразлични ситнурии како чоколадни бонбони специјално правени за Оскарите, кујнски прибори и нешто ситно од облека, меѓутоа ќе има и ултра ексклузивен одмор во Австралија (околу 12.000 долари) и производи за убавина за коса и кожа, меѓу кои и фејслифт крема од 5.000 долари (Vampire Face Lift). Во пакетот ќе има и шише текила, кондоми и пар патики.
Неофицијалната торба со подароци е во организација на маркетинг фирмата Distinctive Assets. Торбите утро по Оскарите им се испорачуваат дома на тие што не освоиле статуетка или им се даваат на нивните публицисти. Дел од ѕвездите се решаваат да ги донираат овие подароци.
Академијата до 2007-ма им даваше слични вакви торби на сите презентери на Оскарите, меѓутоа прекина со праксата откако беше воведен данок на овие подароци. Денес, официјалната награда на Оскарите за сите што не победиле е - блузон.