Тајната на џемперите на Бил Козби

Бил Козби е познат по многу работи: како извонреден стендап комичар, селебрити и првенствено како алфа и омега на долготрајното Козби шоу кое царуваше на екраните цели 18 години. И уште нешто: како некој што секогаш носеше радикално дречави и неподносливо шарени џемпери. Тоа не интересира нас сега.

Collectors Weekly побарал објаснување од Козби за ваквиот стајлинг но тој не можел да се сети.

"Знам дека секогаш носев нешто што личи составено од овци во различни бои или овци кои страдаат од некоја болка," нафрлил Козби.

Меѓутоа, причините ги памти неговиот костим дизајнер Сара Лемир. Козби бил махер за импровизации и за водење на публиката. Па сцени изведувал по неколку пати. Го снимале главно крупно. Потоа ја одбирале најдобрата реплика, меѓутоа, бидејќи е импровизација, не секогаш репликите биле изговарани на точно исто место во сценографијата.

А има ли подобар начин да го одвратиш вниманието на гледачот од позадината од тоа во преден план (а таму е Козби), да ставиш џемпер кој со шаренилото тотално го блокира окото?

Махерски. И, за чудо, таа мода повторно се враќа. Во Париз, актуелно:

20 февруари 2013 - 13:33