По завршувањето на грејс периодот од 12 месеци, може само да се надевате дека сте компатибилни и дека интересот да останете со партнерот е поголем отколку потпирањето на мозокот на "возбудата" што ја добива од NGF.
Целата навлеченост на NGF се должи на неговата функција во мозокот, тој вонредно ја активира областа на мозокот поврзана со системот на награди (исто како дрога или некоја слична мотивација), плус еден од клучните делови на системот за учење и паметење.
"NGF е само јадицата на која се навлекуваш заради која сакаш да влезеш во долгорочна врска. Човековиот мозок со тек на време гради толеранција на NGF, освен ако не е стимулиран со нешто ново. Луѓето кои се повеќе подложни на зависности е поверојатно да се заљубат," објаснува неврологот Ендру Доан.