Годинава за прв пат паралелно со ливчињата што ги испраќаат членовите на Академијата, се воведе и опција за гласање преку интернет.
За да се осигураат дека сите членови имаат гласано, Академијата на сите можни начини го "малтретира" членството. Некои добиваат мејлови "со важна порака од членови како Хали Бери, Том Хенкс, Бил Кондон," на други лично им се јавуваат некои од повлијателните членови на Академијата, а трети добиваат автоматски телефонски повици.
Освен официјалните мерки, членовите се под притисок и од самите студија, кои направија рекордно скапи кампањи. Според некои процени, оскаровската кампања за Арго и Линколн чини по 10 милиони долари од филм.
Одговорни за собирање на гласовите се PricewaterhouseCoopers. Откако ќе се соберат, само двајца членови на компанијата знаат за исходот од гласањето. Ливчињата со победниците се запечатуваат и се отвораат во живо за време на доделувањето на Оскарите.