Станува збор за класичен национален ресторан од Сапоро, Јапонија, кој е познат по еден специјалитет од солена икра од лосос, што го служат во преполна чинија.
Договорот е дека регуларно ја добиваш чинијата, но ако не успееш да ја изедеш до последната трошка, треба да оставиш донација, која потоа тие ја даваат на рибарите од кои ја купуваат икрата.
Причина за ова е тоа што "нивната работа е опасна и некој од нив може да загине," а донацијата е за да се покаже благодарност и почитување за храната што тие ја обезбедуваат.