Американци си ги мерат среќите

И за Соединетите Американски Држави изгледа важи оној "што јужније то тужније" заклучок. Имаат луѓето "хедонометар" и можат да видат дури и на кој од терминалите на еден аеродром луѓето се најсреќни.

Таканаречениот хедонометар прво беше испробан на примерот на Њујорк а сега е проширен на целата територија на државата. Се работи за една комплицирана алгоритамска алатка (да бе, не е комплицирана, ѕирни тука), која обработила 10 милиони геотагирани твитови и на основа на фреквентноста на зборовите кои означуваат тага или радост прави мапи и индекси на среќа.

Чикаго е ваков, со тажен југ и весел север:

А САД изгледаат вака, со тажен југоисток и поведар запад.

Кога се зумира по држави, најголем индекс на среќни луѓе (ако твитерџиите се луѓе) има на Хаваи а најмалку среќни се оние во Луизиана. По градови, најсреќна е Напа во Калифорнија а најскопјани се оние во Бумонт, Тексас.

Истата алатка може да се искористи и за истражување на сличноста на користените зборови при што се доаѓа до заклучок дека географската близина не секогаш е причина некои градови да се групираат во иста категорија, каков што е случајот со Њујорк и Сиетл кои имаат сличен стил на изразување иако еден од друг се оддалечени 3875 километри.

19 февруари 2013 - 12:06