Живот и забава

ЈуТјуб видеото што ќе спаси милиони бебиња

Пред 7 години еден автомеханичар од Аргентина гледа видео на ЈуТјуб за тоа како со помош на кеса да извадиш плутана тапа од заглавена во шише. Добива инспирација за еден од најкорисните медицински изуми.

Роди ме мајко директор и фрли ме на буниште

Мнозинството луѓе, без разлика дали се машки или женски, сакаат да спијат со своите колеги, а посебно со шефот, без разлика дали е машки или женски.

Затвор за вежбање клавир

Мала пакосна одмазда за сите оние анонимни жртви кои во животот некогаш имале комшии убедени дека нивното најмило има особен талент за музика па му купиле инструмент., обично од најгласните. "Го гледам, одма ја фаќа мелодијата" гласи најчестата објективна рецензија на амбициозниот родител кој со мелодија обично се среќава само на слави и други веселби. Е па, купи му кавал и нека вежба во планина.

Во лагата се болни рацете

Популарен дејтинг сајт кој на луѓе во врска им нуди прилика за вонбрачни авантури е тужен за огромни пари од поранешна вработена која била најмена да прави лажни профили на женски. Чекајте, колку е тоа етично нема врска со тужбата.

Бонд го уби синот на Ем?

Една година по премиерата на Скајфол професорот Стивен Картер (професор по право на Јеил) решава дека сега, без да му го расипе филмот на кого било, може да ја објасни својата теорија дека главниот негативец, Силва, е всушност син на Ем (Џуди Денч).

Една е мајка

Кога пред неколку години го шокираше светот (ова малку условно де) со најавата дека дефинитивно се повлекува од снимање порно филмови, тоа го објасни потсетувајќи дека има деца. Денеска повторно се враќа пред камерите, од истите причини.

Кина гради град без автомобили

Ќе се вика Грејт Сити и од нула ќе биде изграден на ледина. Во него треба да собира 80.000 луѓе, кои ќе можат секаде да стигнат пешки.

Тинејџерите бегаат од Фејсбук

Младата популација која евангелски го рашири гласот за феноменот Фејсбук, сега полека ја напушта платформата откако на неа дојдоа нивните мајки, татковци, вујковци и стрини.

Аудиција за метро

Ниту еден од околу 300 музичари што свират низ метрото во Париз не е таму случајно. Секој од нив има лиценца, која ја добил после аудиција за позицијата.

Нова задолжителна ХТЗ опрема за порно

На фотографијата препознавате кондом кој е разбирлива опрема за заштита при работа на оние кои лебот го вадат снимајќи порно во ерата на АИДС-от. Се разбира дека го препознавате и ова другово. Очила, исти како кај металостругари, дрвосечи и слично. Да, да, со иста намена - да не прска.

2013-та, година на 404 и Fail

Аналитичарите на зборови од Global Language Monitor следеа кои зборови најдобро ќе го отсликаат муабетот во англиското говорно подрачје. На кратко, 2013-та е технички и политички проблематична година.

Автомобилите што ќе ги возиме во 2050-та

Прво да расчистиме дека и во 2050-та ќе имаме автомобили, ништо од тие форите со летањето нема да се случат. Ама за тоа, она што тогаш ќе го возиме нема да личи на ова денешното.

Психологијата зад принцезите со големи очи

Ако Ариел (Малата сирена) имаше очи со нормална големина публиката немаше ни приближно да биде одушевена од неа, и наместо тоа многу повеќе внимание ќе посветеше на нејзината опашка.

Трејлер на годината 2013-та

Наградата е вистинска (не измислена), се вика Grand Key Art Award, ја доделува магазинот Холивуд Репортер, за најдобар трејлер за филмската индустрија, телевизијата и видео игрите.

Еурека! Откриен нов дел во нашето тело

А ние наивни, мислевме дека до ноември 2013, официјалната медицина ја познава барем основната човечка анатомија. Следниот пат одиме на бајачка.

Оџата што рока

Има 42 години и службено работи како оџа во едно турско село, каде што им служи на околу 15 муслимански семејства. Она по што е многу попознат е неговата работа надвор од џамијата, како фронтмен на рокенрол бенд.

За родителите на кои децата им се сè во животот

"Родителот е среќен онолку колку што е среќно неговото најнесреќно дете".

Киднапираните невести на Киргистан

Официјалното име е "ала качуу" или грабај и бегај, а се проценува дека околу 40% од етничките Киргистанки се киднапирани од нивните сегашни сопрузи.

И на Њујорк Тајмс не му излегува математиката

Со бројки кои од тука изгледаат како баснословна приказна, Њујорк Тајмс го затвори својот најлош квартал од 1998-ма, продавајќи реклами во вредност од 140 милиони долари за 3 месеци.

Зошто првородените деца се подобри на училиште?

Во основа постојат два типа на родители, оние што не простуваат неуспех на училиште и оние што простуваат. Првородените го јадат стапот и од двата типа.

Не плаќајте скапа пијачка, ако не е виски

Теоријата е дека најголемата измама на индустријата за алкохол е дека колку е поскап, толку е подобар пијалакот.

Земји во кои не е добро да си вештерка

Повеќето западни држави престанаа да ги гонат вештерките до крајот на 18. век. Но, еве пет места каде глобалниот лов се уште трае.

How I Met Your Father

По девет години ова е последната сезона на How I Met Your Mother, ама на СиБиЕс не им се прекинува тука.

Марина Абрамовиќ да се пензионира

Оние кои стојат зад ваквата акција не ја потценуваат пионерската улога на Марина Абрамовиќ во светот на уметничкиот перформанс. Само мислат дека е крајно време малку да (нè) олабави.