Економија на Игра на тронови

Без разлика што приказната ја водат змаеви, џуџиња, Бели одачи, многу кралеви и една кралица, во позадина има сериозна економија и банки кои владеат со светот под Железниот трон.

Железната банка

Седумте кралства на Вестерос имаат основна феудална економија која генерира многу малку приходи сама по себе. Заради ова и за да може да ја практикуваат својата власт над седумте кралства, владетелите почнуваат да позајмуваат од Слободните градови (преку море).

Најмоќна од овие банки е Железната банка, која е сместена во градот - држава Браавос. Банката во досегашниот дел од приказната наликува на една од американските банки кои беа "преголеми за да пропаднат". За нејзе потенцијални проблеми може да излезат ако некој од задолжените кралеви прескокне враќање на неколку рати од долгот.

Слабеењето на власта на Церсеј Ланистер не се случи кога почнаа да се шират гласини за тоа кој е татко на Џофри, туку кога таа престана да плаќа рати на Железната банка. Во моментот кога Железниот трон станува немоќен да ги враќа долговите кон банката, таа брзо ја префрла својата верност кај непријателот на Церсеј - Станис Баратеон. (Слично се случуваше во ЕУ со ММФ и Светската банка, кои веднаш почнаа да притискаат за менување на владите на европските држави кои не можеа да го отплатат долгот.)

Феудална Федерална резерва

Господар на кованиците во Вестерос е Литлфингер. Него книгата го опишува дека "има дарба да протрие две кованици и да создаде трета."

Слично како што во реалниот свет Федералните резерви на САД постојано влеваа нови пари во економијата, така и Литлфингер влева повеќе злато во економијата на Вестерос (на далеку по несофистициран начин, со откинување на делчиња од постојните кованици и нивно топење во нови пари.) Паралелно со позајмувањето пари од Железната банка, Малпрст се богати и со тоа што тој директно му позајмува пари на кралството, кои самиот на себе си ги враќа со камата. (Инаку парите ги вади од неговиот бизнис со бордели.)

Селски буни

За време на своето владеење Церсеј се потпира на "игри и леб" филозофијата. Меѓутоа во еден момент лебот повеќе не пристигнува, цените растат, внатрешноста е распарчена од војна, а се воведува и данок на борделите. Во тој момент луѓето во Кинг Лендинг стануваат немирни, без разлика колку богати свадби и турнири се организираат.

Во исто време семејството на Церсеј постојано ја финансира круната, што е ужасно лоша инвестиција.

Зголемувањето на даноците помага во одржувањето на круната, ама има ужасно лоши последици за народот. На сето ова, во изминатите 3 сезони се подготвуваме и за враќање на зимата, за која никој не е сигурен колку ќе трае.

Што е следно?

Една од вистински развиените индустрии во Вестерос е одбраната и платениците. Железната банка е посебно заинтересирана за ангажирање на платениците.

бонус, сите убиства во Игра на тронови (преполно со спојлери):

5 април 2014 - 18:22