Описот е прилично прецизен, но и со моменти кои не знаеме дали да ги толкуваме како наивност, или како иронија.
„Римската империја има повеќе од четири стотини помали градови и населени места. Се протега на неколку илјади 'ли'(традиционална кинеска мерка за далечина = половина километар), во сите правци. Кралот живее во негова престолнина (градот Рим), блиску до устието на реката Тибар. Надворешните ѕидови на градот се направени од камен.
Во регионот растат борови, кипариси, каталпи, бамбус, секакви видови растенија. Луѓето ги одгледуваат петте зрнести култури, коњи, мулиња, магариња, камили и свилени буби. Имаат традиција на неверојатно магепсништво. Можат да произведат оган од устите, да се врзат а потоа да се ослободат самите и да жонглираат со дванаест топки одеднаш со голема вештина.
Владетелот на оваа земја не е постојан. Во случај на катастрофи предизвикани од необични феномени, тие без церемонија го менуваат, ставајќи на негово место доблесен маж како крал, а притоа стариот крал не се осудува да покаже отпор.
Обичните луѓе се високи и доблесни како и Кинезите, но носат ху (западна) облека. Велат дека на почетокот дошле од Кина, но ја напуштиле. Тие редовно остваруваат профит со тоа што купуваат кинеска свила, ја обработуваат и прават фин западен свилен дамаст. Затоа оваа земја тргува со Партиа, која се наоѓа среде море. Морската вода е горчлива и не е добра за пиење, и тоа е причината зошто оние кои се обидуваат да стигнат до Кина најчесто не успеваат во тоа.
Следат детални упатства за оние кои сакаат да стигнат до Европа, нешто како „одиш до крајот на улицава, па твое десно"