Студијата на Карловиот Универзитет во Прага покажала дека луѓето поврзуваат одредени карактеристики на човечкото лице со висока интелигенција. Во истражувањето испитаници анализирале фотографии на 80 луѓе (по 40 мажи и жени), кои биле фатени со неутрален израз на лицето (ниту смеење, ниту муртење), без накит и козметика. Секој од учесниците требал на скала од 1 до 7 да ги рангира 80-те лица по основа на интелигенција и привлечност.
"Учесниците (и мажи и жени) успеаа од фотографии да ја проценат интелигенцијата кај мажите со повисока прецизност отколку случаен избор, ама не и кај жените.
Два фактори на интелигенцијата кои биле поврзани со претпоставената интелигенцијата кај машките лица се: течната интелигенција и сликовита интелигенција. Течната интелигенција е капацитетот логично да ги решите проблемите независно од знаењето што го имате. Сликовитата интелигенција ја опишува способноста да се справите со предмети како сликите, форми и шаблони," објаснуваат чешките истражувачи.
И покрај успехот во идентификувањето на интелигенцијата, ниту учесниците, ниту истражувачите, не можеле да кажат кои се карактеристиките по кои утврдиле кој колку е интелигентен. Што се однесува до проблемот со толкувањето на интелигенцијата кај жените, едно од објаснувањата е дека "жените се постојано оценувани врз основа на нивната атрактивност... што веројатно попречува во процената на интелигенцијата."