Флерт на научна основа

Не е важно колку си убав, важно е колку те бива за флертување, а тука тоа што се брои се насмевката и очите, и ова не е од "јас да ти кажам" муабети, туку на научна основа.

Кога би се пребројувале, физички најатрактивните луѓе не се оние на кои најмногу им се "пуштаат," туку тоа се поединците што знаат како да сигнализираат дека се достапни и кои имаат самодоверба во практикување на основните техники за флертување.

Универзално, и географски и полово, најголем успех во целата работа имаат основните методи: насмевка и контактот со очи.

Во фазата на флерт, допирот е нешто што гарантирано ќе ви заврши работа. Во целото истражување луѓето од Вебстер Универзитетот на Сент Луис идентификуваат 3 вида на допир: пријателски, можност за негирање и нуклеарен.

Пријателски - туркање со рамо, потчукнување по рамо или ракување.
Можност за негирање - држење за рамо или струк, допир на подлактницата.
Нуклеарен - допирање на лицето.

Нежниот допир на лицето е најдобар показател за романтична привлечност, па по него се редат допирот за струк и ракувањето.

Она што е клучно за да се заокружи целата работа, а да не излезе дека не сте се разбрале или дека сте манијак е - контекст. Флертувањето најдобро успевало во ресторан (или слична установа), кога непознатиот се потрудил да направи нешто за да го забележите и кога тој ви дал комплимент, наместо да праша колку е часот (на последната ставка, стапката на успех е 83% наспроти 26% во корист на комплиментот).

Студијата ја советува женската популација дека откако ќе привлечат нечие внимание правењето "hard to get" навистина функционира.

За мажите најмногу работа вршело демонстрација на "социјална доминантност." Под ова во студијата наведуваат: мажи кои испраќаат повеќе кратки погледи кон избраничката, движења за максимизирање на просторот (ширење, пружање на рацете преку блиските столици и сл.), често менување на местото во барот, и пријателски контакти со околните мажи (потчукнување по рамо, пријателско туркање и слично).

31 март 2014 - 10:01