Во 1945-та, американскиот борд за Храна и нутриција објавува препорака дека на луѓето им се потребни 2,5 литри вода на ден. Ова станува мантра на секој доктор и нутриционист. Она што сите тие го имаат пропуштено е дека препораката продолжува со "најголемиот дел од оваа количина е содржана во храната што ја јадеме."
Автомобилите се агресивни суверени на градските улици додека пешаците треба да бараат пешачки премини и таму трпеливо да чекаат некој да се смилува и да застане. А бидејќи се сè подисциплинирани, сè почесто и гинат по зебрите. Индустријализација + пешацизација = раат?
Првото патување на Папата во странство е во Рио. Пред тргање од аеродромот во Рим, новинарите се веќе во авионот и го чекаат Папата кој необјасниво одбива да влезе. Во позадина, Франциско се објаснува со својот протокол и бара од нив да му ја вратат актовката која веќе ја однеле во авионот. "Не разбираш. Оди во авион. Земи ја, и те молам донеси ја тука." Она што помошниците не разбираат е дека до тогаш папите никогаш не го носеле својот багаж.
Некогаш длабоко верувавме дека во иднината роботите ќе работат а ние ќе уживаме. Зошто тогаш денес 'рмбаме ко коњи? Целата статија на Њујоркер можеби би можела да се сведе на она: "If you're busy, you seem important."
За оние кои планираат годинава да здуваат на Октобер фест, потсетување дека постирањето фотки од некој фино аранжиран оброк може да донесе и есап за кршење на авторски права и злоупотреба на уметничко дело.
Како наследство од Француската револуција, на париските фурнаџии уште од 1790-та им беше забрането летно време да ги затвораат пекарите, со цел да се осигури дека градот и во овој период од годината ќе има пристап до багет.
Наш човек уште од старт има еден шлепер ментални препреки кои би го спречиле да го посака / смисли ова: кој ќе го чисти од бигор, да не им прска на комшиите, да не ми го маваат со камчиња, да не прокапе, па што ќе речат комшиите...
Изолирани напливи на вежбање не ги поништуваат штетните последици од целодневно седење во канцеларија. Ама затоа, многу работа околу ова ќе ви заврши - возење точак додека работите. Ајде сега да видиме како тоа.
Станува збор за една неодамна дијагностицирана состојба, од која страдаат мал број на луѓе, и која има многу мала но пркосна заедница на научници кои ја изучуваат - мизофонија – наплив на гнев од звукот на џвакање храна.
Мислевте само ние ќе ќариме од еволуцијата? Мутрирани вошки, отпорни на сите познати средства против нив, сериозно се шират низ градовите на Америка. Веќе добија таблоидно податливо име "супер вошки" а почнаа да фрчат медиумски предупредувања од типот: "Кријте ги децата, кријте ги главите!". Чешањето може да започне.
Секој има своја замисла како изгледа типичниот живот во Америка. За некого тоа се едноличните дворчиња и поштенски сандачиња, за некого бината на CBGB со Иги Поп на неа. Статистиката пак дава своја, не најбитна ама занимлива перспектива. Жално е колку најубавите години од животот имаат премал удел во целиот колач наречен живот.
Збор кој се однесува на вашето тело не може да биде срамен и непристоен збор. Затоа, викнете слободно и гласно. Ако сте помлади, не сте ослободени од обврската. Напротив.
Истите луѓе што во 2011-та ја основаат Мрежата за спасување на храна, преку која успеваат да спасат 315 илјади килограми храна од кампусите на 150 колеџи, сега се фаќаат со уште поголем проект - да го спасуваат грдото овошје и зеленчук низ САД.
Њујорк Тајмс на долго и на широко пишува за нечовечките услови (според Западно чувство на нечовечност) за работа во Амазон и дека компанијата би била најсреќна ако сите вработени едноставно се заменат се роботи и да се заврши целата драма. На ова реагира Џеф Безос, не до Њујорк Тајмс, туку до своите вработени.
По зборовите на основачот на Амазон, Џеф Безос, новото шоу на поранешните водители на Топ Гиар ќе биде "многу, многу, многу скапо". А Безос не е човек кој лесно се плаши од пари.
Се знаат тие и си го имаат поштовањето одамна. Соработуваат од 85-та, од албумот na Том Вејтс Rain Dogs, а Ричардс го имаше и на Bad as me пред 4 години. Вејтс има признато дека само со Ричардс не може да пие бидејќи Авенџерот од Стоунси е просто ненадјебив на тема отпорност кон труење. За специјалното издание на магазинот Ролинг Стоун насловено "Кит Ричардс; водич низ неговата музика и легенда", Вејтс напиша поема за својот пријател и соборец.
И покрај тоа што имавме време да се зближиме и да ги совладаме автомобилите по сите основи, и покрај тоа што ги наполнивме со електроника, смарт системи и уреди како Ентерпрајз, и понатаму останува нејаснотијата уште од времето кога се инсталираше првото радио во кола - зошто стишуваме радио кога паркираме?
Во веројатно историски најдобриот план за трошење на 3 милијарди евра, група британски архитекти сакаат да изградат комплетно функционална (еден спрема еден) реплика на Минас Тирит.
Лос Анџелес ја преживува најлошата суша досега и секоја капка вода им е важна. Решението од кое очекуваат да заштедат огромни количини употреблива вода, колку изгледа глупо, толку е генијално.