Генерално одговорот е - паркирањето е комплицирано, без разлика колку пати си го направил.
Според доктор Барабар Шин Канингем, професорка по биомедицински инженеринг на Универзитетот Бостон:
"Едноставно ти го одзема вниманието. Гласните звуци тешко се игнорираат, посебно музика или зборување. Твојот мозок сака да ги обработи, и тешко е да ги блокира...
Процесирањето на звукот од радиото троши ресурси од работата на која вистински се обидуваме да се концентрираме, што е проблематичен сензорен-моторички проблем на вртење на воланот во вистинско време и агол, и координирање на ова со движењето на твоето стапало од кочницата на гасот и назад, со соодветно количество на сила...
Да се вратиме на првичното прашање, дури и ако капацитетите инволвирани во паркирање и слушање немаат многу сличности, ако некоја задача е премногу тешка (како паралелно паркирање на улица со гужва од возачи, велосипедисти и пешаци), дури и најмалото мешање во нејзиното обработување, може да доведе до нова вдлабнатина во браникот."
Лари Роузен, професор и поранешен претседател на Департманот за психологија на Калифорнија Стејт Универзитетот:
"Кога сме соочени со задача која изискува интензивна концентрација, ни треба комплетниот капацитет на мозокот за процесирање на опциите и преземање акција, и се што ни одзема од овие ресурси ни ја намалува нашата способност да извршиме нешто."
Артур Маркман, професор на Департманот за психологија на Универзитетот Тексас, Остин:
"Во основа, возењето е задача која бара многу малку планирање по кое следи извршување. Па, кога возиш по автопат, од време на време, треба да размислиш за автомобилите пред тебе и можеби да планираш да смениш лента. За да можеш да направиш сериозно планирање, ти треба да го тргнеш своето внимание од радиото (или разговорот на мобилен) и да го префрлиш на возењето. Во тој момент, ти само го префрлаш вниманието, а не правиш мултитаскинг. Го префрлаш твоето внимание меѓу различни задачи што ги извршуваш.
Кога паркираш (или кога ќе се влошат условите патот заради сообраќајка или лошо време), тогаш возењето одеднаш станува задача на која и треба многу повеќе планирање. Има многу коли кои прават донекаде непредвидливи работи, луѓе кои пешачат низ паркингот или минуваат улица, и мал простор во кој треба да маневрираш. Во околина која бара сериозно планирање, радиото станува значителна дистракција, па затоа го гасиш или го стишуваш наместо да се обидуваш активно да го игнорираш."