Во здружена студија на универзитети од Англија и Австралија се анализира човечката тенденција да посакува / копнее по пороци како кафе, алкохол, брза храна, дроги и слично. Научниците се согласни дека ова најчесто почнува како визуелна фантазија по нив.
"Мотивацијата да се консумира дрога или брза храна е поттикната од замисленото искуство од остварување на оваа цел," објаснуваат авторите на студијата.
Нивната хипотеза е дека ни е потребно нешто да ни го оттргне паметот од оваа визуелна фантазија. А ова се постигнува со Тетрис.
Играта ги ангажира и визуелните и просторните системи на мозокот, и доволно долго им го одвлекува вниманието на овие делови од мозокот, за да дозволи намалување на копнежот по што и да е друго.
"3 минути играње Тетрис го намалува копнеењето по состојки кои создаваат зависност (никотин, кофеин и алкохол), храна и пијалаци, и останати сегменти (секс, играње, вежбање и интеракција со луѓе) за 13,9 проценти," стои во резултатите од студијата.
"Лекот" не мора да биде исклучиво Тетрис, туку исти резултати има и од Кенди Краш и слични зависности.
А сега, Тетрис:
Ако ви е до други игри, клик наваму off.net.mk/igri