Пред три месеци, хардвардскиот студент Аран Кана се подготвувал да го започне долго посакуваното стажирање кое му било понудено од Фејсбук. Во меѓувреме, од својата студентска соба ја пуштил во јавност апликацијата чие име ги израдува и фановите на Хари Потер. "Мапата на Мородер" e екстензија за Хром која ги употребува податоците од фејсбуковиот месинџер и покажува каде бил оној кој ти ја праќа пораката, и тоа со прецизност од 1 метар. Со други зборови, можеш да видиш дали некој те трола од истото кафуле во коешто седиш.
Апликацијата се темели на една сериозна дупка на Фекјсбук во врска со приватноста на корисниците, за која Фејсбук е свесен со години. За тоа дека корисниците немаат контрола кои информации неконтролирано истекуваат се знае одамна, бидејќи автоматската гео-локација е сетирана уште од 2011-та година, а следната година CNET ја актуелизираше темата и објасни како се исклучуваат локалните сервиси.
Но, затоа им беше доволна само една недела по апликацијата на Кана која отиде вирално (85.000 луѓе ја симнале пред да биде скината) да извадат нова верзија на месинџерот која нуди контрола на излезните информации за корисникот. Изјавија дека на тој проблем работеле долго и дека е чиста случајност што апдејтот се поклопил со апликацијата која го користи нивниот пропуст.
А комуникацијата на меенаџментот на Фејсбук со студентот од Харвард одела вака: Еден ден по објавувањето на апликацијата, му се јавиле и му рекле да не зборува со новинари на оваа тема. После 3 дена му се јавиле и му рекле да ја скине апликацијата. Тој послушал но на сајтот објаснил дека го прави тоа по барање на управата на Фејсбук.
Една недела подоцна, му се јавиле и третпат и му соопштиле дека компанијата ја повлекува понудата за стажирање.