"Водата е присутна во овошје и зеленчук. Ја има во соковите, и во пивото, па дури и во чај и кафе. Пред кој било да ми пише за да ми каже дека кафето ќе те дехидрира, истражувањата покажаа дека тоа исто така не е точно.
Иако водата ја препорачувам како најдобар пијалак за консумирање, тоа секако не е единствен извор на хидрирање. Не мораш целата вода што ја консумираш да ја внесуваш преку пијалаци. Исто така не треба да се грижиш и за тоа што никогаш не се чувствуваш жеден. Човековото тело е прецизно подесено да ти сигнализира многу пред да бидеш дехидриран," објаснува Арон Карол, кој уште во 2007-ма во Британскиот медицински журнал објави дека правилото со 8 чаши вода нема никаква врска.
Тој отфрла дека постојат какви било докази дека здрави луѓе имаат каква било корист од дополнителните количини вода. Нема докази ниту дека пиење повеќе вода ти ја одржува кожата хидрирана, или дека ти помага да изгледаш поздраво, или дека ги спречува брчките.
Карол го повторува се она што до сега го има кажано, откако летово медиумите се навлекоа на една неодамнешна студија која покажала дека голем дел од децата ризикуваат дехидрација бидејќи не пијат доволно вода. Во неговото демонтирање на истражувањето тој забележува дека како носечки доказ за дехидрацијата се користи мерката за концентрираност на урината. Во ова истражување критичната граница се смета дека е на 800 mOsm/kg, бројка која врз основа на истражувања и разговори со колеги, тој смета дека никако не е релевантна.
"Можно е одредени деца да треба да бидат подобро хидрирани. Меѓутоа во одреден момент, ние ризикуваме обична здрава состојба да ја наречеме болест. Кога кај две-третини од здравите деца, години за година, се наоѓаат лабораториски вредности кои се обележани како 'абнормални,' можеби дефиницијата, а не нивното здравје, да има проблеми.
Не постои формална препорака за дневната количина на вода што им е потребна на луѓето. Оваа количина зависи од тоа што јадат луѓето, каде живеат, колку се големи и што прават. Меѓутоа луѓето во оваа земја живеат подолго од кога и да е, и имаат послободен пристап до пијалаци од кога и да е во човечката историја, не е вистина дека сите ние сме дехидрирани," објаснува Карол, инаку професор по педијатрија на Универзитетот Индијана.