200 и кусур години стариот закон беше апдејтуван во 1995-та, и од тогаш секоја година беше продолжуван. По него половина од 1.100-те пекари во Париз мораа да останат отворени во јули, а другата половина мораше да работи во август.
Најголемиот дел од пекарите одлучија да ја искористат промената и мноштвото отидоа на одмор во август. Од оние што останаа дел одмарале во јули, а дел не планираат да затворат во лето, бидејќи чувствуваат дека "правењето леб е јавна услуга... мора да ги нахраниш Парижаните," ем се наоѓаат во туристичките области, па сега им е сезона.
Сопственичката на Coquelicot, една од малкуте пекари на Монмартр кои останаа отворени, ветува дека ќе даде се од себе за да ги снабди сограѓаните, меѓутоа се жали дека цел август имаат пеколно темпо.
"Имаше момент кога ни се потроши лебот, и ништо не можеш да сториш околу тоа. Ама луѓето не го разбираат ова. Луѓето имаат претстава дека лебот го правиме за 5 минути," објаснила Силвија Фурмон.
За неа зголемениот број муштерии и не е некоја голема предност заради ризикот да и се намали квалитетот на нејзините производи, бидејќи е под притисок од вознемирени муштерии кои нервозно чекаат во ред за да купат леб.