Како наследство од Француската револуција, на париските фурнаџии уште од 1790-та им беше забрането летно време да ги затвораат пекарите, со цел да се осигури дека градот и во овој период од годината ќе има пристап до багет.
Во пакетчиња со бисквити Сенсбери со симболично име „Вкуси ја разликата" мистериозен поет со прекар „Пекарот кој се досадува" остава хаику песни, кои зборуваат за неговото незадоволство од работата. Добро, оставаше, додека не го отпуштија.
100 милиони долари вредниот Сезан, српската полиција го нашла кај: a. најголемиот балкански нарко-бос, б. најпознатиот дилер на антиквитети во југоисточна Европа, в. пекар?