Главен осомничен е Рашко Младеновиќ, во минатото член на бандата што ја украде сликата Сезан во Швајцарија, денес пекар.
37-годишниот Младеновиќ бил уапсен од полицијата додека месел леб во трета смена во пекарата Моки во Белград.
За разлика од останатите српски мафијаши кои како по калап тераат ултра луксузен живот, Младеновиќ бил сосема скромен а неговото семејство по ништо не отскокнувало од комшилукот.
"Знаеме дека работи како пекар во Моки и дека живее со сопругата и двете деца во станот. Но просто е неверојатно дека нашиот комшија е таков криминалец. Да не звучи глупо, ама он изгледаше некако смотано," изјавил еден од неговите комшии.
До крајот на неделава, швајцарската влада ќе прати посебен авион за префрлање на сликата од Белград во Цирих. До тогаш сликата "Момчето во црвен елек" ќе остане во сефот на Народната банка на Србија.