Тоа што целиот интернет е полн со фотографии тагирани како #foodporn и сл., не му е најважно на германсакиот правен систем.
Уште пред две години Федералниот суд донесе одлука дека посебно аранжираната храна може да биде третирана како уметничко дело и е во комплетна сопственост на авторот. Оттука, не ќе е лошо да се побара дозвола од шефот на салата пред да сликне и објави некоја фино стокмена порција.
"Оригинално аранжирана храна може да биде сметана за труд заштитен со копирајт и во тој случај авторот има целосно право да решава во која мерка неговото дело ќе биде репродуцирано", објаснува познавач на темата од една германска правна фима.
Таков е законот иако досега ниеден готвач нема тужено корисник затоа што ја снимил и објавил неговата прехрамбена инсталација.
Дури и да не се влезе во таква конфликтна ситуација, не е лошо да се знае и дека германските ресторани имаат право да бараат од своите гости да не прават фотографии додека се во објектот.