Карлин го привлекува вниманието кога "сатирично се осврнува на ФБИ и директорот на Бирото." Во досието од Бирото ова се "смета дека е невкусно направено" и "дека е очигледно дека го користи престижот на Бирото и г-дин Хувер за да го збогати својот настап."
Во досието е документиран и одговорот на директорот на ФБИ, Хувер, на жалба на гледачи кои биле навредени од настапот на Карлин во кој го закачува Бирото.
Читателот се жали на "таков флагрантен приказ на лош вкус и деградација на една од нашите најдобри владини истражувачки агенции, која одржува достоинство, гордост и чест." Тој го обвинува Карлин и за "придонесување кон распадот на националната почит кон редот и законот."