Решението го обединува возењето точак и работата во канцеларија, со тоа што на бирото ќе му инсталираш фиксен точак (или обратно). Веќе има и студија која потврдува дека ова е добра идеја.
Ко-автор на студијата е Лукас Кар, асистент професор по здравје и човечка физиологија на Универзитетот Ајова. Тој објаснува дека штетните последици од постојаното седење не можат да се "излечат" со одење на вежбање.
"Наместо да брзаат на вежбање одма после работа, тие можеа да завршат со вежбањето додека беа на работа, и да продолжат со вршење на домашните задачи по работа. Ова им дозволи да имаат повеќе време за нивните семејства, што е еден од најважните делови од балансирањето меѓу работа и дома," ги објаснува Кар резултатите од неговото истражување.
Меѓу клучните фактори за успех на биро точаците е тие да бидат удобни, лесни за користење, и лични, за вработениот да не ги дели со други.