Таг: канцеларија

Има и фудбалер што седи во канцеларија и работи со биткоини

Го паметите ли Велшанецот Робсон-Кану кој ѝ даде луд гол на Белгија во четвртфиналето на Европското 2016? Епа дечкото работи како крт на мобилни апликации и работи со блокчејн и криптовалути.

Прозорци за вас прекрасни вработени

До сега се знаеше дека обемните количини на дневна светлина се корисни за продуктивноста на работа, сега се знае дека недостатокот на светлина на работно место може да оглупавува.

#НаТочакБиро подобро од теретана

Изолирани напливи на вежбање не ги поништуваат штетните последици од целодневно седење во канцеларија. Ама затоа, многу работа околу ова ќе ви заврши - возење точак додека работите. Ајде сега да видиме како тоа.

Што е тоа „скајвинг“?

Не е само збор, туку цел концепт, кој за чудо е познат и во други, подисциплинирани средини од нашата. Значи ескивирање од работни должности со неоправдани отсуства, рано напуштање на работното место или генерално забушавање. Има и книги на темата, кои се всушност прирачници како најдобро да го правите ова. 

Саксија за продуктивност

На адетите во канцеларија за зголемување на продуктивноста од неодамна се придодаде и еден сосема нов - ставање саксија на биро. И по научна основа, ова функционира.

Нови пози за седење на работа

Паметните телефони и таблетите не само што го променија начинот на кој комуницираме и работиме туку и начинот на кој седиме додека работиме. Производителите на канцелариска опрема бараат начин како да направат опрема за новите работни пози.

Дали сте доволно маж да носите шарени чорапи?

Мажите архетипски се ловци, постојано подготвени за предизвик и опасност. Но, бидејќи одамна се припитомени, им останува сосема мал простор да ја покажат оваа органска дивина. Всушност, тој мал простор се сведува на глуждовите на нозете.