Зеленилото во канцеларија ги "зголемува квалитетот на животот и продуктивноста" на вработените, покажува истражувањето објавено во Журналот за експериментална психологија. Забелешката од која почнува истражувањето е дека канцелариите низ ЕУ стануваат се повеќе минималистички "под претпоставка дека овој принцип им помага на работниците подобро да се фокусираат."
Во студијата на британски и холандски истражувачи канцелариите се раззеленети со лисести растенија со просечна висина од 90 сантиметри. Просекот бил по едно растение за секој метар квадратен.
"Она што е важно е секој да може да види барем едно растение од своето биро," изјавил за Гардијан еден од ко-авторите на истражувањето.
Зеленилото во канцеларија придонело за околу 15% раст на продуктивноста. Меѓу другите заклучоци се дека освен ефектите на квалитетот на воздухот, најважниот придонес што растенијата го имале врз вработените е што тие "биле психички, когнитивно и емоционално поинволвирани во работата."