Безос во одбрана на Амазон

Њујорк Тајмс на долго и на широко пишува за нечовечките услови (според Западно чувство на нечовечност) за работа во Амазон и дека компанијата би била најсреќна ако сите вработени едноставно се заменат се роботи и да се заврши целата драма. На ова реагира Џеф Безос, не до Њујорк Тајмс, туку до своите вработени.

Драги Амазонци,
Ако до сега не сте го сториле тоа, ве поттикнувам внимателно да го прочитате овој (многу долг) текст на Њујорк Тајмс:

http://www.nytimes.com/2015/08/16/technology/inside-amazon-wrestling-bi…

Исто така ве поттикнувам да го прочитате овој многу поразличен аспект од еден актуелен Амазонец:

https://www.linkedin.com/pulse/amazonians-response-inside-amazon-wrestl…

Еве зошто ви пишувам. Статијата на Њујорк Тајмс на повеќе места истакнува анегдоти за шокантно бездушните менаџерски практики, вклучувајќи и луѓе кои биле третирани без најмалку емпатија во време на семејни трагедии и сериозни здравствени проблеми. Статијата не го опишува Амазон што јас го знам, или грижливите Амазонци со кои работам секој ден. Ама ако знаете која било слична приказна како овие, сакам тоа да го ескалирате до човечки ресурси. Исто така може и директно да ми испратите меил на jeff@amazon.com. Дури и ако е редок или изолиран случај, нашата толеранција кон такво немање емпатија треба да биде нула.

Статијата оди подалеку од само известување за изолирани анегдоти. Во неа се тврди дека е наш намерен пристап да создадеме бездушна, дистопијска работна околина каде што никој не се забавува и не се слуша смеа. Повторно, јас не го препознавам тој Амазон, и многу се надевам дека ниту вие не го препознавате. Дополнително, сметам дека која било компанија што го прифаќа таквиот пристап не би можела да преживее, а не па да напредува, во денешниот крајно компетитивен пазар на труд. Луѓето кои ги најмуваме тука се најдобри меѓу најдобрите. Секој ден некоја компанија од светска класа се обидува да ве регрутира, и вие може да работите каде ќе посакате.

Силно сум уверен дека секој што работи во компанија која навистина е како онаа опишана од Њујорк Тајмс би бил луд да остане во неа. Јас знам дека јас би си заминал од таква компанија.

Се надевам дека не ја препознавате компанијата што ја опишале. Се надевам дека ви е забавно да работите со еден куп брилијантни колеги, помагајќи да се создава иднината, смеејќи се по пат.

Ви благодарам,
Џеф

18 август 2015 - 11:13