Според ново истражување презентирано на националната средба на Американското здружение за хемија, популацијата на вошките во најмалку 25 американски сојузни држави станале резистентни на постоечките лекарства, шампони и други третмани против нив.
Вака изгледа мапата на САД за тоа во која држава еволуирале супер вошките (црвените):
За првпат имавме можност да испитаме сериозно голем примерок од разни делови на земјата и откривме дека 104 од вкупно 109 групации вошки кои ги тестиравме развиле високи нивоа на генетска мутација. Главно се работи за отпорност кон пиретроиди, семејство на инсектициди кои го вклучуваат и перметринот, активна супстанца која ја има во повеќето познати средства против вошки. За некое чудо, само во Мичиген се уште е лесно луѓето да се справат со вошките, соопшти истражувачот Кјонг Јун од Универзитетот во Јужен Илиноис.
Меѓу 6 и 12 милиони американски деца од 3 до 11 години годишно фаќаат вошки. И освен овие што сега постојат, човекот нема на располагање некоја друга хемикалија за која се знае дека е ефикасна против нив.