Парите ги немаат, а пресметале дека им требаат 2,8 милијарди евра, ама планираат да ги соберат преку "краудфандинг" кампања. За локација го имаат избрано југот на Англија.
Трошоците по нивни процени се:
- 21 милион евра за земјиштето
- 263 милиони евра работна рака
- 1,9 милијарди евра за материјали
Сите пари кои ќе останат по завршување на проектот, кој треба да биде комплетиран во 2023-та, ќе бидат искористени за "одржување и јавни услуги" до 2053-та.
Кампањата за собирање пари ќе трае вкупно 60 дена, а за донаторите има различни подароци, од заследување на Твитер (за 4 евра), до добивање титула на Лорд или Лејди на градот (за 140 илјади евра).
По 11 дена, имаат собрано нешто над 560 евра.