Во книгата "Vitamania: Our Obsessive Quest for Nutritional Perfection," авторката Кетрин Прајс тврди дека нашиот порив веднаш да се фатиме за таблети витамин Ц, нема никаква врска со науката.
"Никогаш не е докажано дека витаминот Ц ги спречува настинките. Ако навистина веруваш дека витамин Ц ќе те заштити од болест, тогаш може и да те заштити. Ама не постојат никакви издржани научни докази за ова," објаснува Прајс.
Таа е сосема разумна околу моќта на витамините и не ја негира нивната успешност во лечење на најразлични заболувања, проблемот е и со навлеченоста на Американците на витамини.
"Вистинската опсесија почнува некаде во 90-те, кога е изгласан законот за Суплементи на исхраната. Со него се укинуваат сите можни тестови за безбедност и ефикасност на суплементите. Прајс ни објаснува дека овој закон е донесен по една неверојатно скапа кампања на индустријата за суплементи," објаснуваат од Паблик Радио Интернешнел.
Ставот на Прајс е дека не треба премногу да размислуваме за тоа колку витамини треба да внесуваме, и дека нив веќе ги има во храната што ја јадеме, и не само во "здравата" храна.
"Крофните, тортите и колачите се прават со збогатено брашно (кое е преполно со витамин Б и железо). Најголемиот дел од луѓето можат да ги исполнат своите витамински потреби и само со консумирање храна, дури и таа да не е здрава. Ако сте загрижени околу тоа дали ги добивате соодветните прехранливи материи, погледнете си ја исхраната. Само гледајте од време на време да се напиете сок од портокал," порачува Прајс.