Живот и забава

Како започна војната на мојот Инстаграм

На социјалните мрежи лесно им беше да удираат сатар и да цензурираат околу војната во Украина, откако Запад консензуално ја прогласи Русија и Русите за единствени кабаетлии. По инерција, истото го пробаа и со содржините поврзани со изралеско-палестинската војна, ама тонч - тука ситуацијата е малку покомплицирана во поглед на тоа кој е добриот а кој лошиот.

Германците се зафатија со егзистенцијалните прашања за државата

Германски студенти деновиве гласаа околу едно од најгорливите прашања што ги тангира во 2023: дали во јавните тоалети во еден тамошен универзитет треба да се постават „глори-холс“ за анонимен секс.

Блинкен барал луѓе за да ја стишат Ал-Џезира

Американскиот министер за надворешни работи, Ентони Блинкен, за време на посетата на Доха, побарал од катарскиот премиер новинската мрежа Ал-Џезира „да го стиши малку“ покривањето на војната во Израел.

Кинеските научници пак чепкаат по вируси

Работејќи со примероци од глодари собрани само од  јужниот кинески остров Хајнан, кинеските научници успеале да откријат 8 вируси кои до сега не сме ни знаеле дека постојат, од кои еден е од исто семејство со ковид.

Новите симптоми на новиот ковид

Четири години по првиот случај, коронавирусот си го живее својот живот, постојано мутирајќи за да обезбеди свој опстанок. Сега на сцена се две варијанти кои, покрај оние веќе познатите, додале нови симптоми на нивно присуство. Во меѓувреме, американска студија утврди дека вакцинираните деца и млади, го шират вирусот во период ист како и другите. 

Синалоа картелот забрани производство на фентанил

Се работи за водечкиот извозник на фентанил во САД, кој по наредба на Чапитос групата (предводена од четворицата синови на Ел Чапо) во иднина не смее ниту да произведува ниту да шверцува од крајно смртоносната дрога.

Раштиманата листа на Ролинг Стоун

Да треба да одбереш тројца најдобри гитаристи на сите времиња, изборот сигурно ќе наиде на мрчење на други, пошто си пропуштил некој од нивните фаворити. Исто би било и со пет или десет, дури и сам ќе ти биде криво што пропушташ некого. Ама да направиш листа од 250 ликови и пак толку дебело да утнеш? 

Многу ја скинаа дневната доза на CBD

Препорачаната доза на канабидиол досега беше 70 милиграми на ден. Англичаните сега решија да ја намалат за дури седум пати. За да бидат сигурни, експертите прво мерат на глувци, потоа множат со човечки килограми ама удираат и дополнителен сатар за 400 пати. За на крај да останат само четири капки од најтенкиот CBD. За THC-то немаме нови лоши вести.

Постои ли некаде неутрален агрегатор на вести?

Луѓето во Газа се практично без интернет затоа што бомбардирањата на Израел ја уништија инфраструктурата, но затоа Европа има интернет. А во Европа еден од најголемите агрегатори на вести е германскиот Апдеј чии надлежни дале упаства да се форсира про-изралескиот поглед на состојбата во Газа и да се минимизираат вестите со цивилните палестински жртви.  

Џон Стујарт избркан од Епл ТВ

Заради нешто што модерно коректно се нарекува „креативни разлики и загриженост околу конкретните теми“, а по старо се викаше само „цензура“, Епл ТВ одлучи да го прекине шоуто на Џон Стујарт и целосната соработка со него.

Фајзер повеќе од дупло го поскапува лекот за ковид

Македонската комисија за заразни болести пред некое време призна дека го нема набавено антивирусниот лек паксловид, ама ќе го набавеле во иднина, ако требало и ако се зголемел бројот на ковид случаи (по што епидемилогот Даниловски пристојно и сосема на место ги праша „Дали сте нормални?“). Е па, дунстери, кажете драгичка.

Можно ли е целиот универзум да е црна дупка?

Двајца научници решиле да го мапираат целиот универзум и да прикажат како стојат работите. Го направиле тоа а резултатите од нивната табела водат кон прилично зачудувачки прашања за црните дупки. Дали универзумот во кој живееме може да биде една голема црна дупка?

Ако не памтите, сè ќе ви биде ново

Ја памтите ли 2016-та и Сирија, кога се дигна светска врева за Сирија и страдањата на луѓето под режимот на Башр Ал Асад? Сте чуле нешто за Сирија и тие луѓе откако Запад сфати дека Башар не паѓа така лесно па дигна раце од тоа? За среќа, постојат независни новинари како Канаѓанката Ева Бартлет, кои ги деконструираа медиумските шашми дека се работи за цивили, за емпатија. 

9 милиони долари направија од видеото, една гитара не дадоа

Том Морело, Нињо Бетенкорт, Скот Иан и Бред Пеисли, пред 4 години ја отсвиреа темата од „Game of Thrones,“ на чичка новки тематски Фендер гитари. Видеото стана апла вирално и нема кој го немаше видено. Откако ја завршиле работата, скаперниците од Фендер само им пишале: „Баш ви фала што ни се најдовте“. Еве ги сега, мрчат.

Брат, фаќај си дрво

Во едно примитивно племе во Амазон живеат три илјади жени и само седум мажи. Вториве се ослободени од сите обврски и работи, освен од онаа која е незаменлива: размножувањето. Бидејќи три илјади на седум е сериозно неповолен однос на силите, за да ги избегнат жените, мажите често бегаат на дрвја.  

Ако пулсот ви е слаб, пробајте паралелно паркирање

Од сите стресови кои со себе ги носи возењето кола (од идиоти кои сакаат да се пикнат во твоја лента, до идиоти кои не ти даваат да им се пикнеш во нивна лента), се чини организмот најмногу го вознемирува паралелното паркирање. Им мереле пулс на луѓе кои паркираат паралелно. Срцето забрзувало речиси 60 проценти.

Ова со климатските промени станува сериозно

Цената на пивото (барем во Британија) веќе е порасната за 13% од пандемијата, а не само што ќе продолжи да расте туку и пивото ќе стане погрдо од тоа што е сега, е предупредувањето за тоа како глобалното затоплување ќе влијае на пивото.

Кај што нема дим, има авторитарност

На конференција на Ториевците, премиерот Риши Сунак се откажа од проектот за брзи пруги па затоа мораше да понуди нешто друго „големо.“ Понуди ригорозна политика против пушењето. „Ова е потсетување како недостатокот на политичка визија, технократи како Сунак го компензираат со тривијален авторитаризам,“ пишува во текстот „Англија без цигари е неслободна Англија.“

Што бидна со новинарството на кое не му фуфка?

Во денешниот медиумски пејсаж нема ни сенка од дрскоста и провокативноста на еден Хантер Томпсон или ПЈ О' Рурк кому му беше објавен текст: „Како да возите брзо додека сте на дроги и ви го стискаат „стојко,“ а да не  ја истурите пијачката?“ Денес никој не преминува линии и не поместува граници. Денес медиумите мајчински ве учат како да живеете.

Слабеење ни под разно!

Истата личност која до сега активно работеше на тоа дебелите да добијат гратис дополнително седиште во авион, сега е со нова и уште поважна мисија - да ги натера хотелите низ светот да почнат да ги шират ходниците за подобро да можат да угостат пошироки гости.

Уште некупена, кола во Сингапур кошта 100.000 долари

Во Сингапур не можеш да купиш кола ако не поседуваш сертификат, систем со кој државата се обидува да го регулира бројот на возила кои циркулираат по ограничената островска сообраќајна мрежа. Треба да се преброиш дали за почеток имаш 100К долари па дури потоа да гледаш што семејна кола сакаш да купиш.   

Најсреќните работници не се на биро

Што е тоа што најсреќните работници на светот ги прави среќни? Тоа што пред себе го гледаат плодот на својата работа. А кои се? Градежници.

Руперт Мардок најмногу ќе ѝ фали на - левицата

Иако неговите многубројни непријатели од другата страна на политичкиот спектар со одушевеност го поздравија заминувањето на Мардок од врвот на неговата медиумска империја, во суштина работите стојат обратно: кој сега на квази-либералниот иквази-левичарски естаблишмент ќе му биде крив за сите негови неуспеси?

Оземпик добива ново предупредување

По барање на производителот Ново Нордиск а одобрено од американската Агенција за храна и лекови, популарниот лек за шеќер/слабеење Оземпик во иднина ќе доаѓа со уште едно предупредување за несакана појава: блокада на цревата. Судбината на Елвис Присли предупредува дека тоа не е банална работа.