Живот и забава

Утепа ли се, БиБиСи?

Маријана Спринг од BBC има јако звање, специјална дописничка за дезинформации. Во суштина, работа и е оние кои се сомневаат во официјалните наративи, да ги прогласи за теоретичари на заговори. Кога експертката за дезинформации ја фатија дека ширела дезинформации и во своето CV, одговори дека не мислела дека е тоа голема работа.

Кина и Индија се тужакаат кој подобро паркирал на Месечината

Индискиот Чандрајан-3 минатиот месец стана прво летало кое слетало во близина на крајно посакуваниот Јужен пол на Месечината и со тоа да го сруши кинескиот рекорд за најјужно слетување. Кинезите сега тврдат дека Индијците лажат.

Џегер нема да им ги остави парите на децата

Право време е Мик Џегер своите деца да ги потсети на песната „You can’t always get what you want“. Во интервју за Волстрит Журнал, 80 годишниот фронтмен на Ролинг Стонси рече дека на неговите деца не им требаат 500 милиони долари за да живеат па богатството најверојатно ќе го даде за добротворни цели.

Научници шокирани и алармирани што откриле во вакцините

Оние љубители на теории на заговор кои 'ние паметните' редовно ги шлакаме, пак ќе испаднат во право.  Регулаторите ширум светот повторуваа дека не постои начин новиот тип вакцини кои се користеа за ковид, таканаречените мРНК вакцини, да прават шашми со човечката ДНК. И глеј сега.

Лего дигна раце од пластика од рециклирани шишиња

Лего се откажува од напорите да ги произведува своите прочуени коцки од рециклирани пластични шишиња.  Данската компанија вели дека компликациите со материјалите, на крајот би довеле до повисоки вкупни емисии на јаглерод. Тестирале стотици и стотици материјали, ништо. Нафта си е нафта.

За вакцината на интернет се зборува шифрирано

За да не бидат означени како анти-ваксери или пак да ја почувствуваат цензурата на семоќните социјални мрежи и нивните алоритми кои безмилосно ловат „термини што можат да бидат вознемирувачки“, луѓе кои си имале мака со несакани последици или пак настрадале нивни блиски, за тоа пишуваат во кодирани пораки. Од страв молчеле и здравствени работници. 

Еко данок на месо е преглупа идеја

Нема крај креативноста на оние кои сакаат на луѓето да им наметнат грижа на совест за состојбата на планетата и и нивниот учинок во климатските промени. Не чини да имаш дете, не чини да имаш куче или маче, а најнечини да продолжиш да јадеш нормално месо (сега кога имаме златни штурци на понуда). Како против месото? Со еко даноци, како против шеќерите.

Медиумските преторијанци на Џозеф Бајден

Вака е шемата: портпарол на Белата куќа ќе даде упаства за пожелниот наратив во кој треба да медиумски да се покрива некоја тема (во случајов импичментот на Бајден). Притоа, како поткрепа на официјалните ставови, ќе се цитираат статии од „независни“ медиуми. А цитираните статии  се темелат на цитати од - Белата куќа! Јас тебе ќе те почешам, ти мене ќе ме почешаш.

Си-ен-ен, рекордно лошо

Минатиот викенд водечките програми на Си-ен-ен ја имале најслабата гледаност меѓу клучната публика од кога се води евиденција, собирајќи нешто под 60.000 гледачи.

Како Мурдок утна за 700 милиони долари

Медиумскиот моќник сериозно ги потценил трошоците од судскиот спор против Фокс поради нивните медиумски обвинувања за штелување на машините за гласање. Мислел дека ќе платат 50 милиони. На крај платија отштета од 785 милиони.

Американци умираат од комбинации со фентанил

Процентот на смртни случаи од предозирање од фентанил во комбинација со стимуланси како кокаин и метамфетамин се зголемил за неверојатни 50 пати помеѓу 2010 и 2021 година. Луѓе кои користат кокаин, често не се ни свесни дека се зависници од фентанил. Америка се наоѓа во четвртиот бран на опоидната криза.

Ново Нордиск: Допрва ќе ве слабееме

Иако неделата ја започнаа со мал пад, акциите на Ново Нордиск не го губат моментумот, добиен од глобалната популарност на нивните лекови за слабеење, Оземпик и Вегови. На берзите никој не се сомнева во иднината на компанијата која стана важна не само за нејзините акционери туку и за данската економија.

Кокаинот на пат да биде главен извоз на Колумбија

До 2022 главен извозен производ на Колумбија беше нафтата, од годинава на првото место се очекува да избие кокаинот засенувајќи го целиот останат легален извоз што излегува од земјата.

Ќе се откажете ли од миленичето заради климата?

Има доста простор за критики како денес се третираат домашните животни кои на разни начини се сè повеќе „наши“ отколку свои. Она кога им зборат ко на деца, кога им слават родендени, „денеска какавме зелено“ и слични глупости. Но, во еден текст во Гардијан се додава и една многу „ин“ загриженост: многу месо јаделе а тоа не е добро за климата.   

Пазете на ова ако ви понудат кафе на интервју за работа

На интернет ќе најдете мал милион совети за двете страни на едно вработување: и за оние кои бараат работа и за оние кои го спроведуваат процесот и треба да ги елиминираат несоодветните кандидати. Ова е еден од поглупите и ние, искрено, не би го минале тестот. Со големо задоволство.

Бустираните имаат поголеми шанси да се заразат

Истражувајќи податоци од 96.000 затвореници во 33 државни затвори во Калифорнија за да се процени ефикасноста на новите бивалентни вакцини кои беа воведени лани есента, студија обелоденува дека бустираните лица имаат поголема стапка на заразување од оние кои не примиле вакцина.

Кој сè ве шпионира по дома?

Осомничените не ги барајте само во паметните телефони и таблетите. Ниту пак меѓу комшиите кои можеби дремат со чаша на уво наслонета на вашиот заеднички ѕид. За паранојата да биде поголема, помислете на вашиот нов телевизор, или смарт звучници, па дури и машина за перење. 

Кога работите ќе ги кажеш со правото име

Еден универзитетски курс предизвикал значајно поголем интерес без да менува ништо во својата содржина. Го сменил само својот наслов, од стандардното и здодевно „Медиумска писменост“ во нешто што е слично на една наша рубрика. „Името ме купи,“ признава еден студент.

Земање витамини зголемува ризик од рак?

Пред бааги години, кога ни збоктисаа квази-медицински вести дека рак се добива те од ова, те од она, и кога ни стана јасно дека медиумската преплавеност со такви содржини е дел од индустријата на производство на страв и болести, цинично се запрашавме дали ќе дочекаме вест дека и витамините носат рак. Ете, дочекавме.

Деца вакцинирани од ковид стануваат мета на секакви вируси и бактерии

Ново истражување објавено во списанието Frontiers in Immunology покажува дека децата вакцинирани против ковид развиваат свовиден СИДА синдром што ги остава нивните ослабени имунолошки системи склони кон зараза не само од ковид, туку и од други вируси и бактерии.

Дизни нуди 340.000 долари за човек кој ќе ги спасува од бруката

Додека трае штрајкот на холивудските актери, креативни и други работници кои навистина имаат мизерни примања недоволни ни да се квалификуваат за здравствено осигурување, главниот извршен директор на Дизни порача дека нивните барања се нереални. Главоњата заработува 79.000 долари дневно. 

Во одбрана на Оземпикот

Лекот за дијабетес кој станува хит меѓу оние кои сакаат да ослабат, како и сè друго што е популарно, е предмет на контроверзи и дебати. И ние сме пишувале за штетните ефекти, но во критиките има и нешто друго: морална осуда на оние кои го земаат, дека сакаат лесно и без страдање да избегаат од својата дебелина.  

Оние неподносливите цевки се и штетни

Хартиените и бамбусови цевки за пиење кои во име на екологијата се користат како замена за пластичните цевки, многу почесто содржат „вечни хемикалии“ отколку нивните пластични предци.

Овоземните супер-моќи на Дедпул

Рајан Рејнолдс не е само еден од оние глумци на кои им се посреќило да глумат во холивудски блокбастери. Дечкото има неверојатен бизнис инстинкт и маркетиншки слух. Само од еден деловен потег има заработено 300 милиони долари. Компаниите во кои имал удел или ги продал тежат над 14 милијарди долари. Не џабе нон-стоп се смее.