Живот и забава

Од витамин Ц до камења во бубрези

Точно е дека вишокот Ц витамин организмот го исфрла, проблем е што во урината тој создава материјал од кој се создаваат камења во бубрезите. Со други зборови, од вишокот нема никаков ќар, а може да дојде до компликации.

Вајс со цензура ги тинтра Саудијците

Вајс и Базфид своевремено се најавуваа како „иднината на новинарството.“ Не само што тоа не се случи, не само што двата медиумски аутлета заштита побараа во прогласување банкрот, туку и она што сè уште е живо кај нив, го оддржуваат многу шупачки. Денес она што остана од Вајс спасот го гледа да им стане платформа за дигитални содржини на Саудиска Арабија.

Мојон обожава(ше) суши

Женската одмазда не се сервира најдобро само ладна, туку понекогаш и сирова. И завитката во ориз. Жена запишала курс по подготвување суши но никогаш не го пробувала она што ќе го напрaви. Колегите од курсот ги збунунавало ваквото нејзино однесување па ја прашале за што се работи. 

Женска, сакаш да се тупиме за климата?

Женска од Портланд, во гостински есеј објавен во Њујорк Тајмс, објасни зошто уште на првиот состанок со дечко, на маса ја вади темата за климата и климатските промени. И дека ако тој не ја дели нејзината опсесија со глобалното затоплување, нема шанси да продолжи со него.

Умирањето не е толку интересно како во пандемијата

„Денес умираат повеќе млади Американци, а не умираат од ковид-19. Зошто не бараме одговори?“ прашуваат двајца доктори во УСА Тудеј и потсетуваат дека без темелна и сеопфатна истрага, нема да се знае што е тоа што ги убива младите, уште помалку како тоа да се спречи.

Човекот кој проба да го хипнотизира целиот Советски сојуз

Во 1989 годуина, 87 проценти од руската популација запалила телевизор за да биде дел од обидот на еден психијатар од Украина да ја хипнотизира целата нација, да ја подзалечи и да ѝ даде смиреност во турбулентните времиња кога државата почнува да се распаѓа. Ескпериментот испаднал неуспешен, освен за еден човек.

Од сè со што можеше да има проблем, Лос Анџелес има проблем со тифус

Повеќе од една деценија во Лос Анџелес има константен раст на бројот на случаи на тифус, а минатата година е достигнат врвот, кога од болеста умреле три лица, што е прв случај на смрт од тифус последниве 30 години.

Село гори, Москва оди на Месечината

По 47 години нула активност, руската вселенска агенција во петок ќе го лансира своето месечинско возило со мисија да слета на јужниот пол на Месечината каде се верува дека има потенцијален извор на вода.

Скандинавците дигаат глас против модерната а грда архитектура

Скандинавските нации одамна изградија репутација за храбри модернистички дизајни. Но, како малку да се претера правење кеифи на архитектонските каприци па имаат и „Архитектонско востание“ кое бара враќање на традиционалните стилови, порачувајќи дека зградите не мора да личат на кутии за чевли. 

Холивуд штрајкува, студијата инвестираат во вештачка интелигенција

Додека холивудските директори инсистираат на тоа дека „едноставно не е реално“ да им се плаќа повеќе на филмските работници - од кои 87 проценти заработуваат помалку од 26.000 долари годишно - тие истовремено раскошно трошат големи пари на програми за вештачка интелигенција.

Ќе го разбудат ли синдикалецот во Тејлор Свифт?

Ултра-популарната пејачка веројатно не очeкуваше дека нешто може да ја поремети нејзината кариера кој жестоко си гази, особено откако ги распродаде сите концерти во Калифорнија, ама, кога е некој толку популарен, од него се очекува поддршка и за теми што не ни можел да сонува дека ќе треба да се произнесе.

Конечно нешто корисно од вештачката интелигенција

Ќе го прашаш четботот што сакаш и тој ќе ти одговори бидејќи сè знае. Големо чудо. Сè знаат сите  пред која било маалска кооперација. Ова е нешто друго. Сексуална играчка да можеш да ја управуваш со своите мисли. И не е развивана и тестирана на некој далечен и туѓ скандинавски мозок, туку на балкански мозок, во Србија.  

Португалија ко да се пишмани околу декриминализацијата на сите дроги

Експериментот што пред 20-на години го почна Португалија со укинување на казните за поседување и користење дрога (вклучително кокаин и хероин) е хвалоспеван и инспирација за слични проекти низ цел свет. Последно од него е дека се претера со декриминализацијата, и малку треба да се стегне.

Билансот од ковид и вакцините кај германските деца

На барање на АФД министерството за здравство на Долна Саксонија објави како пандемијата, мерките против истата и вакцините влијаеа на тамошните деца.

Нешнл џиографик ги отпушти и последните автори од редакција

Еден од најважните магазини низ историјата на човештвото ги отпушти и последните вработени во својата редакција и повеќе нема да се продава по американските трафики.

Вашингтон пост само годинава ќе биде 100 милиони долари во минус

Една деценија откако Џеф Безос го купи Вашингтон пост, весникот во 2023 се очекува да изгуби околу 100 милиони долари. Безос во 2013 го купи Пост за 250 милиони долари.

Мис Италија ќе прима само „фабрички жени“

Во време кога Холандија ја доби својата прва мисица трансродова жена, Мис Италија објави дека нема намера да дозволи трансродови жени да учествуваат во натпреварот и дека сите учеснички „мора да бидат жени од раѓање“.

Село гори, Германија воведува сиеста

Економијата која цел континент ја чека малку од малку да почне да дава знаци на живот, одлучи дека заради топлото време може е најдобро помалку да работат отколку до сега.

„Временско слепило“ измислија

Генерацијата што ги има најуникатните оправдувања во постоењето на човештвото сега најде оправдание и за редовно доцнење на работа и слични обврски - имале „временско слепило“ и тоа како дијагноза.

Аргатите зад вештачката интелигенција

За машинското учење да може само да препознава куче, некој мора претходно да му достава материјали кои ќе му доловат како изгледа куче. Тоа го прави армија нископлатени луѓе чија работа во обуката на вештачката интелигенција е драгоцена но се платени со минималец. 

Нобеловец против климатската хистерија

Ко-добитникот на Нобеловата награда за физика за 2022 година жестоко го нападна наративот за „климатска вонредна состојба“, нарекувајќи го „опасна корупција на науката што ја загрозува светската економија и благосостојбата на милијарди луѓе“. Др. Џон Клаузер забележува дека погрешната климатска наука „метастазирала во огромна шок-новинарска псевдонаука“.

Гратис викенд фантазирање

Бидејќи секако највозбудливиот дел од играњето лото е зенот во кој влегуваш од фантазирањето од моментот кога ќе уплатиш до моментот кога нема да ти се падне, треба да знаете дека џекпотот за следното извлекување на Пауербол е - 875 милиони долари.

Менаџерите не успеале да го спасат Вајс ни откако си поделиле милиони за плати

Вајс, компанијата која некогаш беше прогласена за иднината на интернетот и во тоа име вредеше 5,7 милијарди долари, заврши во банкрот па нејзиното сметководство заврши во јавност, заедно со платите на менаџерите и вечерите од 6.000 долари.

Живееме во цртан филм

Канадски суд одлучи дека емоџи од палец нагоре (👍) испратено по порака е идентично валидно како и потпис, и претставува прифаќање на договореното.