Вести

Повеќе затвори се единствено решение за преполнетите ќелии

Британија веднаш се соочи со очигледен неуспех на стратегијата за предвремено ослободување на стотици затвореници поради преполнетост на затворите. По само една недела голем дел се вратија зад решетки. Владата ќе мора да прифати дека нема друга можност освен да дозволи да биде надминат капацитетот на затворскиот систем, сè додека не се изградат нови затвори.

Банкарскиот гигант УБС сака да заминe од Швајцарија

Последната преостаната голема швајцарска банка сериозно разгледува потег што се чинеше за незамислив: да го напушти Цирих и да се пресели во странство. Најавата за заминување на УБС отвора голема дилема за властите во Берн: Дали да ги заострат регулативите за банките или да го задржат историскиот идентитет на Швајцарија како сигурен глобален финансиски сеф?

Кличко во ринг со Зеленски: Каде отидоа милијардите за одбрана на Киев?

Градоначалникот на Киев ги обвини претседателот Зеленски и неговата влада за копрупција и за злоупотребување на воената состојба за политички напади врз општинските власти. Токму пред грејната сезона владата ги замрзнала давачките за комуналните претпријатија, а Киев го оставила изложен на руски проектили, наспроти милијардите евра наменети за противвоздушна одбрана.

Речник

Долгиот ковид уништува допамин во мозокот

Научници открија дека долготрајниот ковид ги уништува допаминските рецептори во мозокот, кои се одговорни за мотивација, паметење и чувство на задоволство. Колку е потешка болеста, толку се посериозни последиците. Најлошо од сè е тоа што последиците се трајни, бидејќи оштетените рецептори за допамин не се обновуваат по заздравувањето.

САД ја притискаат Европа да одмрзне руски милијарди

Соединетите Држави побарале од европските земји да деблокираат дел од руските државни пари, кои беа замрзнати по инвазијата врз Украина, и да ги префрлат во посебен механизам под надзор на Вашингтон. Ова е дел новата американска иницијатива за заживување на преговорите за крај на војната и за постигнување сеопфатно мировно решение за Русија, Украина и Европа.

Како млекар го преплаши Трамп од нуклеарна закана од Иран

Трамп и луѓето од неговиот најтесен круг се опседнати од заканата дека Иран би можел да активира нуклеарна бомба која би спржила сè што работи на струја во САД. Иако физичари објаснуваат дека Техеран нема оружје за електромагнетен пулс, Трамп со години е под влијание на предупредувања од њујоршки млекар, кој вложи милиони долари на лобирање и кревање паника.

ЕУ нема да види корист од Брегзит

Наместо сериозно да ги разгледаат опасностите од Брегзит, многумина во ЕУ се однесуваат како членови на богато семејство кое е на добар пат да изгуби некој богат роднина, ментално делејќи го нивното наследство пред тестаментот воопшто да биде прочитан, пишува Фабрцио Коричели, професорот по економија на Париската школа за економија.

Трамп издиша со реклами

Човекот кој успеа да го преживее баражот од негативни реклами (и речиси неспоредливо многу критики) за да стигне до републиканската номинација, пред почетокот на битката со Хилари изгледа многу кутро во однос на капацитетите за купување простор за реклами.

Разводот од 14 милијарди долари

Технички, парите ги има заработено Владимир Потанин, еден од најбогатите Руси. Технички, Владимир, нема никаков предбрачен договор со неговата прва сопруга Наталија Потанина. Технички, на Наталија и следуваат пола од парите.

Штетата што може да ја направи АР-15

Пушката, која во основа е армискиот М16 без опција за автоматско пукање (иако и тоа може да се модификува), беше изборот на убијците од Сенди Хук до Аурора, Сан Бернардино и пред некој ден Орландо. Оружјето најлегално може да го купи кој било Американец во која било продавница за оружје.

Миграцијата на кинеските милионери

Во изминатите децении само во Ванкувер се имаат преселено над 100.000 кинески милионери, доволно голема бројка и статус за сериозно да влијаат на локалната економија, пазарот на недвижности и општо на градот, кој 5-та година по ред е прогласен за (финансиски) најнедостапен град во светот.

Еволуција на вонредна вест

Њујорк тајмс составува еден гиф од тоа како веста за масакрот во Орландо се развиваше на насловната на нивниот сајт.

Кенија, сè како што не треба

Африканската земја имаше шанса малку да глуми нормалност и да ја укине мерката која на властите им дозволува да им прават анални проверки на мажите за да утврдат дали тие се геј или не. Ама не, кенискиот суд одлучи дека проверките не се ни тортура, ни деградирање.

Како Ел Нињо уништуваше владетели и цивилизации

Кога во јануари 1793, Луј XVI кратко пред да му ја отсечат главата порачува "умирам невин за сите наводни криминали што ми ги припишуваат," тој нема поим дека една од основите на неговата несреќа (меѓу другото) е нешто што се нарекува Ел Нињо.

Реалност по минута терање политика

Американски сенатор во обид да го присили Сенатот да дебатира за контрола на оружјето одржа 15-часовен говор. До крајот на говорот, од 11 часот во среда, до 2 часот наутро во четврток, во Сенатот Републиканците се согласија да се дебатира за контрола на оружјето, а во САД 48 лица беа застрелани со огнено оружје.

Сите руски атлетичари банирани од Олимпијадата во Рио

ИААФ одлучи дека руските атлетичари не ги исполниле критериумите за укинување на суспензијата која следуваше по скандалот со масовното допингување со мелдониум, заради што забраната за натпреварување ќе им важи и за време на ЛОИ 2016.

Упатство за Британците по Брегзит

Бидејќи ако им се верува на анкетите пост-ЕУ Британија станува се поверојатна, Гардијан ги спрема своите читатели за земја "без полски водоинсталатери, без патување до Кале по алкохол и без потреба да учат странски јазик".

Дипломатски бунт против Обама

Најмалку 51 дипломат на Стејт Департманот од среден до висок ранг, потпишале интерен меморандум во кој остро се критикува политиката на Обама кон Сирија и се повикува на итно започнување со бомбардирање на Башар ал-Асад и неговите сили.

Како зјапањето во телефон стана прифатливо

Новиот стандард е дека не е срамота да го проверуваш телефонот додека си со други луѓе, колку што треба да ти е незгодно да му кажеш на друг да го остави мобилниот.

Како се промени Турција

Пред пет години сите зборуваа за "турскиот модел". Западот и муслиманскиот свет ја сметаат Турција за сјаен пример за спој на Ислам и демократија. Реџеп Таип Ердоган, тогашниот премиер, а сегашен претседател на републиката, го фалеа како реформист кој создава послободна, побогата и помирна Турција.

Бугарскиот парламент изгласа забрана за носење бурка

По неколку поединечни забрани изгласани од локалните власти на неколку бугарски градови, парламентот на прво читање го изгласа законот кој на цела територија на Бугарија го забранува носењето облека која целосно или делумно го покрива лицето.

Фалшовите се подобри од оригиналот

Веројатно напнат од сите критики дека Алибаба / Алиекспрес профитира од продажба на фалсификат производи, Џек Ма, првиот човек на компанијата порача дека тоа што тие го продаваат е поквалитетно од оригиналниот производ.

Закерберг потврди дека не е гуштер

Првиот човек на компанијата седна да одговара прашања на Фејсбук Лајв, а таму добар дел од интернетот како едвај да го чекаше, некои од нив добро потковани со секоја можна гласина (и теорија на заговор) околу Закерберг.

Сведоштвото на жената што се откажа од телевизија, цел месец

Едни статистики покажуваат дека Американците во просек гледаат 2,8 часа телевизија на ден, други дека бројката е некаде околу 4 часа и 15 минути. Без разлика кој е во право Стефани Воца од Фаст Компани (и сопругот) решаваат да пробаат цел месец да не гледаат телевизија (вклучително Нетфликс, или преноси во живо).

За демонстрациите нема Европско

Како што беше најавено францускиот синдикат ЦГТ (Confédération Générale du Travail) во вторникот одржа масовни демонстрации против новиот закон за работни односи, и како што беше очекувано демонстрациите го задржаа стандардното ниво на пресметки со полицијата.

Наркокартелите вадат повеќе пари од злато отколку од кокаин

Како што цената на златото изминатава декада е во постојан раст, а они веќе имаат на располагање работна сила, пари и вработени што радо ракуваат со оружје, наркокартелите се одлучија да се пробаат во бизнисот со нелегално ископување злато.

Трамп: Обама можеби е вклучен во пукањето во Орландо

Републиканскиот кандидат го повика Обама да поднесе оставка, притоа давајќи ја веројатно својата најзбунувачка клевета до сега - дека претседателот можеби некако е има врска со пукањето во геј барот во Орландо.

Колку би чинел Ајфон произведен во Америка?

Сметководствената вежба е инспирирана од една изјава на Трамп за време на кампањата, кој вети дека кога ќе стане претседател ќе го натера Епл да почне да произведува Ајфони и компјутери во Америка.

Предводење, а не напуштање на Европа

Може ли Обединетото кралство некогаш да се помири дека е дел од Европа? Ако неодамнешните насловни во весниците околу референдумот од 23-ти јуни за членството во Европската Унија се каква било водилка, тогаш одговорот е одлучно "не".