Не така директно и Берни наговести дека Епл би требало дел од своите продукти да ги произведува во САД. Заедничко и за двајцата кандидати е што не кажаа ни збор како оваа промена би се одразила на цената на Ајфонот.
Наместо нив, МИТ технолоџи ривју ја објавува анализата на Константи Какаес, кој има две различни сценарија по кои може да се одреди исходот.
Според првото сценарио, Епл ќе продолжи глобално да ги купува деловите за Ајфонот, меѓутоа ќе го составува во американски фабрики. Ова би ја зголемило цената на Ајфон 6Ес Плус за 30 до 40 долари, и сумата за негово производство би изнесувала меѓу 779 и 789 долари.
Според второто сценарио, Епл би ги произведувал и составувал компонентите во САД, што би ја зголемило цената за дополнителни 30 до 40 долари, со што крајната сума на производство би била меѓу 809 и 849 долари.
Какаес истакнува дека би било практично невозможно да се произведува Ајфон без барем дел од суровините да се увезуваат од странство, бидејќи голем број материјали не се ископуваат во САД. Кина на пример произведува 85% од ретките метали во светот, од кои дел се неопходни во производството на Ајфонот.