Во документот испратен до неколку медиуми, вклучително Њујорк тајмс и Вол стрит журнал, се порачува: "Неуспехот да се искоренат флагрантните прекршувања на Асад само ќе ја засили привлечноста на групите како Даеш, иако истите доживуваат порази на военото поле."
Иако имињата не се објавени, според медиумите лицата на списокот се движат од поранешен офицер во Бирото за Блискиот исток, од поранешен заменик амбасадор во Дамаск, и сите тие во одреден дел биле вклучени во создавање или спроведување на политиките на администрацијата околу Сирија.
Дипломатите имаат проблем и со тоа што администрацијата на Обама со текот на годините го омекнува својот став кон Асад од почетната точка дека тој мора да биде отстранет за да продолжи животот во земјата. Во документот е спомената и Русија, која се обвинува дека не го сфаќа сериозно прекинот на огнот и преговорите.
Иако користењето на ваков канал не претставува никаква новост, изненадува бројноста на луѓето кои се потпишале на документот и нивниот ранг. Вол стрит журнал ја пренесува изјавата на поранешни функционери на Стејт Департманот, според кои "срамота е за една администрација да има толку високи функционери од своите редови кои се спротивставуваат околу Сирија."