Реалност по минута терање политика

Американски сенатор во обид да го присили Сенатот да дебатира за контрола на оружјето одржа 15-часовен говор. До крајот на говорот, од 11 часот во среда, до 2 часот наутро во четврток, во Сенатот Републиканците се согласија да се дебатира за контрола на оружјето, а во САД 48 лица беа застрелани со огнено оружје.

Извештајот е дека за овие конкретни 15 часови (не станува збор за некој просек) имало вкупно 38 престрелки, во кои убиени се 12 луѓе а 36 се ранети.

Кратко по 11 часот, во моментот кога сенаторот Крис Марфи зема збор, во источен Вашингтон маж влегува во ординација го застрелува својот масер, и потоа се убива себе си. Неколку моменти подоцна двајца мажи се застрелани за време на провала во куќа во Тенеси.

"Кога комшиката чула истрели од оружје таа не се вознемирила нешто посебно, бидејќи соседот е човек кој сака оружје и сака да пука," изјавил локалниот шериф за медиумите.

Во распон од неколку часа, за време на говорот, во Чикаго се застрелани 13 лица. Некаде по полноќ во последните часови од говорот на Марфи, во Детроит во тројца млади момци се испукани вкупно 30 куршуми. Од нив преживува само еден, кој моментално е во критична состојба.

Ако се гледа општиот просек денот на говорот на Марфи е прилично мирен, бидејќи дневниот просек во САД е 36 убиени со огнено оружје. Анализата на Вокс покажува дека во САД само од јануари 2013 до денес 1.065 Американци се убиени во масовни убиства.

 

18 јуни 2016 - 13:07