"Проблемот е што фалсификатите денес имаат подобар квалитет и подобра цена од оригиналниот бренд. Тие се од потполно истите фабрики, од потполно истите суровини, ама не го користат името на брендот.
Ние мора да ја заштитиме интелектуалната сопственост, ние мора да направиме се што можеме за да ги запреме фалсификатите, ама производителите (ОЕМ) денес прават подобри продукти по подобри цени" порачал Ма во говорот во седиштето на Алибабаб во Хангжу.
Минатата година Керинг, компанијата зад брендовите како Гучи и Ив Сен Лорен, покрена судска постапка против Алибаба групацијата, заради поттикнување и профитирање од продажба на фалсификати. Во мај годинава, Алибаба по слична основа беше суспендирана од Меѓународната антифалсификаторска коалиција.
СиЕнБиСи проценува дека пораката што ја испраќа Џек Ма е многу посериозна и дека тој во основа порачува "дека кинеските производители веќе го губат трпението околу глобалната поделба на трудот во која тие произведуваат висококвалитетни продукти само за да гледаат како најголемиот дел од парите завршуваат во џебот на сопствениците на брендот."
Ма ги поддржува кинеските производители да почнат да создаваат свои брендови и директно да им ги продаваат на потрошувачите. Во април 2015 Алибаба ја започнува програмата "Zhongguozhizao" или "Квалитет произведен во Кина", чија цел е да им помогне на кинеските фабрики да развијат сопствени брендови, наместо да произведуваат копии.
Алибаба групацијата, која котира на њујоршката берза, во 2017 очекува раст на приходите од 48%. Планот на Ма е до 2020-та годишно да имаат трансакции во износ од над 900 милијарди долари, и да "станат 5-та најголема економија во светот" по Јапонија, според волуменот на трансакциите.