Наталија се подготвува преку судот во Лондон да го бара својот дел од богатството на Потанин, а нејзините амбиции се половина од парите што Владимир ги заработил додека бил во брак, односно 7 милијарди долари.
Иако и двајцата се руски државјани Наталија има право да го поднесе случајот пред англиските судови, заради постоење на "силни врски со Британија," што во случајот со нејзе е 2-годишниот престој на островот.
Таа најверојатно ќе ја активира оваа опција ако, како што се очекува, рускиот Врховен суд ја отфрли нејзината жалба против претходната одлука на руските судови според која нејзиниот сопруг, рангиран на 78-то место на листата на Форбс на најбогати луѓе, нема никаков значителен имот.
Според други рангирања некогаш најбогатиот човек во Русија, моментално е на четврто место во земјата.
Иако нема никаква пречка за таа да ја бара правдата пред лондонските судови, сосема друго прашање е дали тие (во случај да одлучат во нејзина корист) ќе можат да ги наплатат парите од Потанин.
Во интервју за Гардијан, Наталија објаснува дека на неа и следува половина од богатството бидејќи кога се запознале и двајцата биле студенти без скршена пара, "јас не се омажив за олигарх кој поседуваше фабрики и бродови. Живеевме во станот на моите родители."
Во 2014, Потанин се ожени со својата втора жена, Катја, која претходно била вработена во неговата компанија, и со неа има две деца.