Иако денес прилично познат како меѓу научници, така и меѓу цивили, Ел Нињо и понатаму не е комплетно разбран од тие што треба да го имаат разбрано, па научниците се уште немаат шаблон за феноменот, а според веб-страната на НАСА "секоја епизода на Ел Нињо има уникатен тајминг и најразлични влијанија."
Ликот од воведот ни најмалку свесен дека ќе има проблеми заради загревањето на Јужниот Пацифички океан, го дочекува толку ладна зима во 1787-88 што волците се симнуваат од Алпите и почнуваат да ловат во селата и градовите. По ова го дочекува уште полоша пролет со град кој комплетно ги уништува сите посеви со жито, по што следната година цената на лебот за два пати се зголемува. Откако по ова следува уште една претерано судена зима, според црковни записи, една-петина од Париз се прехранува од добротворни донации. Почнуваат да се ограбуваат пекари и бакалници, а народот бара Estates General, тогашното законодавно тело составено од претставници на трите сталежи, да стори нешто во врска со недостатокот на леб.
Бидејќи ова не се развива доволно брзо, исто ова лето се крева револуција во Франција, а на 14-ти јули 1789, селаните упаѓаат во Бастилја во потрага по оружје и муниција.
Соборувањето на францускиот монарх не е заслуга на Ел Нињо, туку на револуционерите и народот кои успеваат политичките и социјалните прашања што крчкаат под површината да ги претворат во успешна револуција. Заслугата на Ел Нињо е што сите недостатоци и кризи ги става во прв план, па наместо промени кои би траеле со децении, тој помага одеднаш да се собори системот.
Слично и далеку поапокалиптично влијание Ел Нињо има на Моче цивилизацијата која со векови опстојува на територијата на денешно Перу. 5 века Моче се управувани од воини-свештеници, кои контролираат мрежа од рибарски градови и полиња со канали за наводнување на западниот брег на Перу. Моче цивилизацијата прилично добро се снаоѓа во овие услови и тамошната променлива клима се додека заради Ел Нињо одеднаш 30 години престанува да врне дожд.
Некаде околу 600-та година исчезнуваат сарделите, а "дождовите се враќаат со целиот свој гнев" па поплавуваат полиња и проголтуваат градови. Речиси подеднакво збунети околу тоа што им се случува како и Луј XVI, како што не престанува дождот така владетелите на Моче не престануваат со жртвувањето луѓе во обид да ги задоволат боговите.
Кога воочуваат дека тоа не е решение, тие одлучуваат да го напуштат својот главен град и да се преселат во внатрешноста каде градат два нови града. Таму живеат еден век, пред враќањето на Ел Нињо, кој овој пат започнува нов циклус на поплави и суши, што пак доведува до глад и бунт. Во 700-та година и двата града се напуштени.
Во Индија во 1876 и 1877 Ел Нињо комплетно ги запира монсунските дождови, и двете години во земјата е комплетна суша. Последица на ова е глад, во кој само во 1877 умират 18,5 милиони Индијци.
Иако ова не им е прв пат на Индијците да се соочат со суша и имаат разработено традиционален систем семејни резерви на житарки во домовите и во селата, проблемот е што овој пат "ваквиот систем на одбрана е распарчен." Во тоа време колонијалните власти наредуваат вишокот житарки и ориз да се извезува во Англија, а тогашниот гувернер на Индија, Лорд Литон, одржува лесе-фер трговска политика која дозволува вредноста на житарките да достигнува рекордни цени кога има недостаток на залихи. (Литон во тоа време ги отфрла и сите обиди за олеснување на гладта како "хуманитарна хистерија," верувајќи дека тоа ќе ја банкротира земјата.)
Историчарот Мајк Дејвис во неговата книга Доцниот викторијански холокауст тврди дека комбинацијата на колонијализам и клима кон крајот на 19-от век, во Индија и на многу други места, ги оформи корените на денешниот трет свет. Тој објаснува:
"Ел Нињо е епизодна моќна сила во историјата на тропското човештво. Ако, како што Рејмонд Вилијамс еднаш забележа, 'Природата влијае, иако често незабележано, на неверојатни количества од човековата историја', тогаш ние денес учиме дека и спротивното е подеднакво точно: во модерната историја постојат неверојатни количества досега незабележана еколошка нестабилност."
Според одредени верзии брановите бегалци и војната во Сирија, пред неколку години беа предизвикани токму од сушата (за ова клик тука).