Од денес до денот на изборите Хилари Клинтон, и нејзините поддржувачи, имаат резервирано рекламен простор на телевизија во износ од 117 милиони долари. За истиот период Трамп има резервирано нула долари во телевизиски реклами.
Кампањата на Хилари само од 7-ми јуни (кога ја доби номинацијата) до сега има потрошено 12 милиони долари на телевизиски реклами во 8 клучни сојузни држави. Од друга страна, Трамп нема купено телевизиски реклами од почетокот на мај, кога потроши мала сума на реклами во Индијана и Небраска.
"Разликата што гледачите ја забележуваат е очигледна: Според бројките на Кантар Медиа во првата недела од кампањата, Клинтон и нејзиниот ПАК имаа речиси 4.000 телевизиски спотови повеќе отколку Трамп и неговите сојузници.
Трамп победи на партиските избори и покрај тоа што сите трошеа повеќе пари од него. Во неколку сојузни држави, тој почна со реклами само на неколку дена пред гласањето. Во еден момент од партиската кампања Трамп изјави дека почнал да се рекламира на телевизија 'затоа што се чувствувал виновен' што другите толку многу трошеле, а сепак биле зад него на анкетите," пишува Грегори Волис за СиЕнЕн.