Првата изјава на Трамп беше дадена за Фокс Њуз:
"Тој не разбира или разбира многу подобро отколку што кој било помислил - и одговорот е едното или другото, а ниту едно не е прифатливо."
Потоа во понеделникот тој ја дополни својата изјава:
"Нè води човек кој не е цврст, не е паметен, или пак нешто сосема друго има на ум. А тоа друго нешто на ум - знаете, луѓето не можат да веруваат во тоа. Луѓето не можат, не можат да веруваат дека Претседателот Обама се однесува на начинот на кој се однесува и не може ни да ги спомне зборовите 'радикален исламски тероризам'. Таму нешто се случува. Тоа е незамисливо. Нешто се случува таму."
За време на интервјуто на ЕнБиСи, Трамп даде помека верзија на обвинувањата, според кои Обама намерно е слеп, изјавувајќи: "Има многу луѓе кои мислат дека тој можеби не сака да сфати што се случува."
Иако и до сега најразлични маргинални ликови и заговорници се имаат расфрлано со теоријата дека некој американски претседател е "Манчуриски кандидат", посебно за Буш по 11-ти септември, ова е прв пат вакво обвинение да стигне од некој така високо во политичката хиерархија како републикански претседателски кандидат.
Конзервативниот писател Ендру Меккарти во книга од 2010-та тврди дека Обама е дел од завера на радикалните Исламисти за соборување на американската влада. Луѓето што веруваат во овој заговор, својата позиција ја поткрепуваа со теоријата дека Обама не е американски граѓанин. Само дел од нив беа разбудени од ваквиот став откако во јавноста беше објавен изводот од матично на Обама.
Токму последнава група во 2011 доби сериозна медиумска и финансиска поддршка од човекот кој денес е кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп.