Пишете му на Владислав
Ако тоалетот пак ти прокапува, не одложувај, одма пиши му на Владислав пред да се врати во Познан. Ти текнува што се случи последен пат Мајкл кога проба да го среди капењето? Баш така, флеката од влага уште ти се шири.
Стани Ирец
Ако имаш нешто ирско во себе, а сигурно дека имаш, тогаш автоматски си ирски граѓанин без разлика на тоа каде си роден. Па така можеш да бидеш жител на ЕУ во пост-Брегзит Британија.
Оди на мисија во Кале
Важно е тука да не се паничи одма, затоа што има време да тркнеш до Кале по алкохол. Не постојат ограничувања на алкохол и тутун што можеш да ги донесеш од ЕУ се додека планираш сам да ги консумираш или да ги подариш некому. За споредба, ако не си во ЕУ, дома можеш да донесеш едвај 16 литри пиво и четири литри вино, што веројатно не би било доволно за просечен англиски фан да ја истера групната фаза од Еуро 2016. Затоа најми бело комбе на еден ден и купи доволно од евтиниот континентален алкохол за да наполниш мини фонтана во дворот.
Немој да си скршил рака дур скијаш на француските Алпи
Точно, во времето пред Брегзит, европската картичка за здравствено осигурување дозволуваше човек да добие бесплатна или по намалени цени здравствена заштита во останатите земји на Унијата. Ама веќе не. Ако мораш да си ја скршиш раката на скијање, гледај тоа да го направиш во Авимор (Шкотска). Точно, таму може нема снег за скијање, ама не е тоа поентата.
Сè што имаш од континентални деликатеси, замрзни го
Прво што треба да направиме е да купиме големи замрзнувачи за да ги складираме француските сирења, германските колбаси, португалските пити, итн. Наводно има и британски камбер и бри, и слично, ама - стварно?
Уживај во британскиот колбас
Како што Сан еднаш се пожали тоа проклетите континенталци доста ни се мешаа во нашата слободарска британска пракса да дозволиме одредени количини на маснотии во нашите колбаси да се сметаат за месо. Тоа веќе нема. Да дозволиме раширениот рак на дебелото црево и тип 2 дијабетес да бидат изразот на новиот британски независен дух.
Баталете земјоделство, фатете се за рибарење
Ти си земјоделец чиј бизнис модел се базираше на добивање милијарди евра ЕУ субвенции за земјоделие, додека ти седиш на портата, со тревка во уста и гледаш некаде сред далечината. Време е за пренамена. Оди до најблиската библиотека и позајми ЦД со морнарски песни. Ова ќе биде твојот прв чекор кон новата кариера. Ако Британија ја врати контролата над своите води и почне да ги запира рибарските бродови од континентот во празнењето на нашите залихи со риба, ќе видиш, риболовот пак ќе стане привлечна професија.
Научи да уживаш во чекање
Ви текнува на среќните денови кога на аеродромите ја одминувавте колоната на несреќни не-ЕУ жители кои чекаат на проверка и лоши погледи од царината? Благодарејќи на Брегзит, и вие наскоро ќе бидете во таа колона. Што да направите? Почни да ги читаш книгите што од секогаш си сакал да ги прочиташ, ќе ти бидат одлично друштво додека неколку часа чекаш во ред за да те провери некој дигнат Французин од имиграциско.
Заљуби се во британското крајбрежје
Се сеќаваш кога беше на тој прекрасен остров прелиен од сонце во некоја блажена ЕУ земја? Епа тие денови завршија. Почни да се навикнуваш на песокот во очи, на маста од чипс во косата, додека си под десант од галеби, и опасност од хипотермија ако одлучиш да ставиш прст во морето. Сето ова надополнето со 4-часовна сообраќајна гужва на враќање дома.
Ако не, можеш да посетиш и некоја европска земја вон ЕН
Исланд, Молдавија, Косово или Андора. Велат дека Украина е добра во овој дел од годината. Кој вели тоа? Главно Украинци.