Вести

Доаѓа нова финансиска криза

Се повторуваат сигналите што ја најавија кризата од 2008 година. Приватните кредитни фондови, кои ги заменуваат банките, пријавуваат загуби. Цената на барелот нафта надмина 100 долари. Инвестициите се концентрирани во само неколку технолошки компании и може да пукнат како меур. А, меѓународните односи се многу полоши и тешко може да се договори заедничка реакција.

Парадокс во Германија:

Сончевите централи ја спуштиле цената на струјата на минус 500 евра за MWh

Цената на струјата во Германија на 1 мај паднала на законски дозволениот минус од 499,99 евра. Оваа сума, со пари од даночните обврзници, ја плаќале операторите за секој потрошен мегават-час од огромниот вишок генериран од сончевите колектори. Ако не помогне и негативната цена, ќе има парадоксален ефект од премногу струја – неколкучасовни рестрикции во некои региони.

Амстердам забрани реклами за месо, бензинци и авионски летови

Во Амстердам е дозволено речиси сè – проституција, марихуана, хашиш, „магични“ бомбони со психоактивни супстанци, но сега е забрането рекламирање на нови „пороци“ - сендвичи, коли на бензин и дизел и туристички аранжмани со авион или брод. Поврзување на месото и фосилните горива е дел од поширока политичка платформа за нето-нула емисии на јаглеродни гасови.

Речник

Намибија се ослободи од должничкото ропство на ММФ

Намибија штотуку го отплати целиот долг кон ММФ. Нула салдо, нула нови заеми, нула нови услови. Слобода. Додека други држави се дават во ригидните политики на ММФ, Намибија излезе од должничката спирала. Оваа држава од југозападна Африка, со 2,1 милиони жители и минимална плата од 180 евра покажа дека слободата може да се (от)плати, со визија и дисциплина. 

Наивни од МАГА изгубиле 4,3 милијарди долари од измамата на Трамп

Доналд Трамп ги злоупотребил своите најверни симпатизери од движењето МАГА, продавајќи им безвредни монети за повеќе од 4 милијарди долари. Аналитичарот Стив Ратнер објаснува дека од оваа измама со криптовалути се збогатиле лично Трамп и инсајдери од најтесниот круг околу него, кои ја покренале лавината инвестиции. 

Среќни 91 година се појаки од 400 милијарди долари

Роналд Вејн некогаш поседуваше 10 проценти од Епл. Денес, тој удел би можел да вреди околу 400 милијарди долари. Но, го продаде за 800 долари. Тоа се смета за една од најлошите грешки во деловната историја, особено сега кога Епл берзански е проценет на околу 4 трилиони долари. Но, Вејн, кој денес има 91 година, не го гледа тоа така.

Разбудете го јогинот во себе

Кога се работи за вашето физичко здравје и спиритуална исполнетост, секогаш сме тука да ви помогнеме. Овојпат за еден нов вид јога која чини 5-7 долари од час. Што добивате за тие пари? Две пива!

Марихуаната е корисна во само три случаи

16 држави низ светот и половина од американските сојузни држави го дозволуваат користењето на марихуаната во медицински цели. Сепак од стотици наводни медицински придобивки, само за три постојат конкретни научни докази.

Африканизација како антиквизација

Заради расизмот кој во САД доминираше со векови, црнците беа третирани како животни, робови или во најдобар случај пониска раса а нивната улога во историјата и културата беше комплетно игногирана и омаловажувана. Сега клатното е отидено во другиот екстрем. Децата се учат дека црнците уште во стар Египет летале со позлатени електро-мобили.

Ќе ми каже некој кој е познатиов со кој се сликам?

Арно викаше Луис СиКеј, Исус да се симне на Земјава, наместо да го гледаат со свои очи (фул резолуција + 3Д) тие ќе ги дигнат телефоните за да снимаат и типот кој го чекаме 2.000 и кусур години ќе го зјапаат низ екранче.

Берни Мадоф направи монопол и во затвор

Одлежувајќи ја 150-годишната казна за повеќе милијарди вредната измама, во која крадеше од богатите и си даваше на себе, Мадоф успеал да монополизира дел од пазарот на црно во затворот Бутнер.

Како Спрингстин го истрола Трамп

Не само што со резигнација одби да свири на инаугурацијата на Трамп кој подоцна не успеа да обезбеди ни некој да му свири преработки од Спрингстин, Газдата на Обама од ќеиф му приредил концерт, и тоа во Белата куќа.

Војна каква што прифаќам

Во Босна не живеат три нации туку три менталитети: едниот мисли дека е решение да се продолжи да се живее според Дејтон, на вториот тоа му е тешка тема и не го занима, а третиот е тежок југоносталгичар.

За табиетот на Коѕиас

Шефот на грчката дипломатија ја упропасти меѓународната конфенренција за Кипар успевајќи уште првиот ден да се испокара со сите, вклучувајќи го и првиот човек на ООН. Гутереш не сакал со Коѕијас ни во иста просторија да биде.

Зошто малцинствата гласаат за крајна десница?

Историски на спротивставени страни, малцинствата и радикално десничарските партии во Европа стануваат неочекувани сојузници. Првите затоа што во десницата гледаат единствена ефикасна заштита од радикалниот ислам, вториве заради добивање поширок кредибилитет во јавноста.

Одлази циркус....

Она што кај Балашевиќ беше метафора, интернетот го претвори во реалност. Не знаеме во каква финансиска форма е „Медрано“, ама најстариот американски циркус го склопува шаторот.

Пупка во законот

Има еден акаунт на Инстаграм што ги излудува алгоритмите што ја чуваат „чедноста“ на платформата. Се состои исклучиво од фотографии на брадавици и баш тоа е заeбот: машки ли се, женски ли се? 

Последното писмо што ќе го добие претседателот Обама

Додека од двор ги собираат расфрланите алатки и ги прибираат во шупа, проверуваат дали исклучиле бојлер и шпорет, а Мишел по којзнае кој пат го потсетува да заклучат „и горе и доле“, во Белата куќа стигнува писмо. Напишано е од човекот што го смисли и го оркестрираше нападот од 11 септември.

Сега и Џереми Корбин е руски колаборационист

Од обете страни во полн налет е пропагандната хистерија поврзана со зголемените тензии на релација НАТО - Русија. Ај тоа Русите, кај нив секогаш е џа или бу, ама што префинетиот и демек толерантен на различности Запад сè повеќе се потпира на комунистичката парола „ко другачије каже, тај клевече и лаже“? 

Тереза Меј го објави планот од 12 точки за брегзит

Британската премиерка попладнево го објави својот план за излегување на Британија од Европската Унија. Заедничкиот впечаток од прес-конференцијата е - ова стварно нема да биде лесно.

Гледајте да не ви се случи Балкан, а не да не ви се случи Трамп

Во година кога во ЕУ треба да се случат избори во неколку битни земји членки, главната паника е утрото по изборите да не се разбудат со "следниот Трамп" или "следниот брегзит" (во зависност кој кандидат накаде влече). Аналитичарите на Барклејс предупредуваат дека ова е многу погрешен страв на Европејците.

Да завршам еден текст, па ќе се убијам

„Не можам да имам секс за една ноќ. Во Љубљана точно можете да погодите со кои жени сум спиел. Со сите се имам оженето“, вели меѓу другото Славој Жижек во мозаичниот текст за тоа како е да се биде лош татко, за агресијата која во него расте и за тоа како скрибоманството му го спасило животот.

Како богатите држави вадат пари од сиромашните

Постои цела низа наводно непобитни поставки за функционирањето на светската економија на кои секојдневно налетуваме листајќи или скролајќи, домашни или странски медиуми. Кога истите тие поставки ќе се доведат во прашање, дали со обработено истражување или економска криза, работите многу брзо се враќаат на козметичко ниво.

Германија до Трамп: Ќе купувавме американски коли да ги биваше

Трамп пред некој ден ја критикуваше Меркел за нејзината позиција кон бегалците и се закани дека ќе воведе 35% царина на увоз на БМВ во САД, затоа што Германците биле нефер и не купувале американски автомобили.

„Контрасамит“ на европската крајна десница

И покрај фабрички вградената нетрпеливост кон странците, европската крајна десница успева да се издигне над редовната непродуктивна омраза на својот прв сосед, и наместо тоа почнува вмрежување и соработка со „колегите“ од другите европски земји. Па ако до сега само си честитаа на избор на секој можен советник во градски совет, во сабота за прв пат сите тие ќе се сретнат на самит.

Како Обама го поплочи патот за Трамп

Немој за сè да го кривите расизмот. За време на финансискиот крах Обама се стави на страна на банкарите, не на страна на луѓето што ги губеа своите домови - правејќи ја возможна победата на Трамп.

Ако сакаш да го елиминираш, прогласи го за проруски

Данска новинарка и колумнистка е последната што е ставена на црната листа на ЕУ и нејзиното пропагандно тело за борба против пропагандата на Русија, а кое не е многу различно од озлогласената макартиева комисија во САД, која бркаше вештерки со алиби дека се бори против комунистите.  

Саудиска Арабија ги врати западните сојузници

Во последните неколку месеци од мандатот на Обама во кои тој инсистираше неговата надворешна политика да остави финален впечаток на принципиелност, многу западни земји ги оладија односите со Саудиска Арабија. Лека- полека, сега сите се враќаат во стариот, удобен и нафатиран со пари скут на саудиската кралска фамилија. 

Осум луѓе поседуваат половина од светското богатство

Постигнато е ниво на нееднаквост „кое се заканува да ги распарчи нашите општества“ се предупредува во извештајот објавен на Светскиот економски форум во Давос, во кој е наведена разликата во приходите.

Зградите имаат право да бидат грди

Врховниот суд во Вермонт ја потврди одлуката на првостепениот суд во врска со една тужба за градба која беше оспорувана врз основ дека била грда и дека ќе го наруши пејсажот а со тоа и вредноста на недвижнините.